Стратегијата за масовна енергетска обнова на зградите (Renovation Wave Strategy) во европската унија (ЕУ), која е објавена од страна на Европската Комисија, има за цел намалување на емисиите на стакленички гасови, зголемување на повторната употреба и рециклирање на материјалите, поттикнување на економското опоравување по пандемијата, намалување на енергетската сиромаштија и поддршка во остварување на целта на ЕУ да биде климатски неутрална до 2050 година. Стратегијата предвидува најмалку удвојување на стапката на реновирање на зградите во наредните 10 години, што би значело дека треба да се обноват 35 милиони објекти. Со тоа би се отвориле до 160.000 нови работни места во градежниот сектор до 2030 година, се истакнува во соопштението на Европската комисија.
Во септември Европскиот парламент го усвои извештајот за максимално искористување на потенцијалот за енергетска ефикасност на зградите во ЕУ, во кој с еповикува на брза и темелна обнова на зградите и стартување на програма за поддршка во поставувањето на соларни електрани на покривите. Зградите имаат удел од околу 40% во вкупната потрошувачка на енергија во ЕУ и одговорни се за 36% од емисиите на стакленички гасови, додека годишната стапка на енергетски реконструкции на зградите е само 1%. Трите приоритетни области на стратегијата се: декарбонизација на греењето и ладењето, намалување на енергетската сиромаштија и решавање на проблемите во најнеефикасните згради, како и енергетска реконструкција на јавните објекти (училишта, болници и административни згради).
Документот предвидува и воведување на построги прописи и стандарди за енергетска ефикасност на зградите, со цел да се охрабри реконструкцијата и во јавниот и во приватниот сектор, потоа обезбедување на пристап до финансирање, пружање на техничка поддршка, обуки и усвршување з аработниците на новите „зелени“ работни места и проширување на пазарите за одржливи градежни производи и услуги. За да се обезбеди планираното вкупно намалување на емисиите на гасови со ефект на стаклена градина во ЕУ од најмалку 55% до 2030 година, потребно е да се намалат емисиите од зградите за 60%, а нивната потрошувачка на енергија за 14%, додека користењето на енергија за греење и ладење треба да се намали за 18%, се истакнува во соопштението. Стратегијата исто така предвидува создавање на „нов европски Bauhaus“, што е неодамна најавено од страна на претседателот на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. На тој начин би се изградила и негувала нова евроспка естетика која би ги комбинирала уметничкото и одржливото., се вели во соопштението.