Европската Комисија објави како ќе ги троши планираните 30 милијарди евра во рамките на програмата Horizon 2020 во периодот 2018.-2020. Тоа ќе биде најголема поеднинечна програма за финансирање на иновации и истражувања на Унијата. Програмата е особено фокусирана на развој на нискојаглеродни технологии и борба против климатските промени, енергетската ефикасност (енергетска ефикасност на згради, индустрија, ефикасни возила), обновливите извори на енергија, стимулирањето на прекуграничната соработка, финансирањето на енергетската транзиција, паметни градови и иновативни технологии.