Насловна / Вести / Објавена листата на најдобри светски ареодроми за 2021 година

Објавена листата на најдобри светски ареодроми за 2021 година

Меѓународниот аеродром Hamad во Доха, Катар е на првото место на листата на најдобри аеродроми на светот за 2021 година. Оваа листа секоја година ја објавува британската консултантска компанија за рецензирање и рангирање на светските авиопревозници и аеродроми Skytrax. Hamad веќе некое време се наоѓа на листата на најдобрите аеродроми на светот, но сега е на првото место, со оглед дека катарската влада има вложено сериозни средства не само во овој аеродром туку и во превозникот Qatar Airways. Патниците кои летаат со Qatar Airways, a чекаат друг лет на аеродромот Hamad, уживаат бројни погодности. Доколку имаат доволно време, можат бесплатно да ја разгледаат Доха, а доколку на врска се чека многу долго, тогаш ќе бидат соодветно сместени и ќе им биде обезбеден и оброк. Инаку, за прв пат во речиси десет години, на првото место не е аеродромот Changi во Сингапур, кој посетителите го фалат поради едноставноста за движење, удобноста и врвните гастро понуди.  Европските и азиските аеродроми доминираат на листата за 2021 година, а Јапонија ја понесе титулата за најдобра земја за патување со воздушен сообраќај. Три јапонски аеродроми се меѓу најдобрите десет. Листата е формирана врз основа на анкетни прашалници кои патниците ги пополнувале во периодот од август 2020 до јули 2021 година.

hamad1

Листата на најдобрите 10 аеродроми за 2021 година изгледа вака:

1. Меѓународен аеродром Hamad (Доха, Катар)

2. Аеродром Haneda (Токио, Јапонија)

3. Аеродром Changi (Сингапур)

4. Меѓународен аеродром Incheon (Инчион, Јужна Кореја)

5. Аеродром  Narita (Токио, Јапонија)

6. Меѓународен аеродром München (Минхен, Германија)

7. Аеродром Zürich (Цирих, Швајцарија)

8. Аеродром Heathrow (Лондон, Англија)

9. Меѓународен аеродром Kansai (Осака, Јапонија)

10. Меѓународен аеродром Хонг Конг

hamad2

Skytrax оваа година пофалил 39 аеродроми кои на најдобар начин ги имплементирале епидемиолошките мерки. Истакнато е дека аеродромот Fiumicino во Рим е првиот аеродром во историјата кој добил „петка“ за справувањето со Covid-19. Haneda исто така ја понесе наградата и за најчист аеродром, додека аеродромот Истанбул за најголем напредок од година во година.

hamad3

Испрати коментар

Scroll To Top