Рангирањето на 100-те најодржливи корпорации во светот, според индексот на рангирање на Corporate Knights, се базира на ригорозно оценување на речиси 7000 компании со годишни приходи од над 1 милијарда американски долари.
Секоја од компаниите се оценува врз база на претходно утврдена метрика, во која 50% учество имаат „чистиот“ приход и „чистите“ инвестиции. По деталното оценување и анализа врз база на 23 индикатори, при што доминираат оние поврзани со посветеноста во борбата со климатските промени, направено е конечното рангирање. Според тоа рангирање, најодржлива компанија е Vestas Wind од Данска, а по неа следува уште една компанија од Данска – Chr Hansen Holding, која се занимава со прехрамбена, фармацевста индустрија и одржливо земјоделство.