Насловна / Вести / Објавен тендер за постројка за отпад во Софија – инвестиција од 150 милиони евра

Објавен тендер за постројка за отпад во Софија – инвестиција од 150 милиони евра

Бугарија стартуваше тендер за изградба на комбинирана постројка за процесирање на отпад во Софија. Крајниот рок за понудите е 15-ти април 2021 година. Проектот предвидува изградбана погон за спалување на отпад и добивање на гориво од процесираниот отпад – RDF (Refuse-Derived Fuel). RDF ќе се користи како гориво во термоелектраната „Софија“ како алтернатива на сегашното гориво – природен гас. Токму на локацијата на оваа термоелектрана ќе биде изградена и новата постројка. Капацитетот на идната инсталација ќе биде 180.000 тони отпад годишно., кој ќе се обезбедува бесплатно од страна на Општината Софија, а за возврат ќе бидат намалени трошоците на софиската компанија за централно греење. Се очекува овој проект да оствари заштеди од 65 милиони метри кубни природен гас годишно, односно 15-18 милиони евра.

Изградбата на постројката за RDF е третата фаза од проектот за управување со отпадот во Софија. Првите две фази се реализирани, а се состоеле од изградба на депонија, постројка за компостирање и постројка за третман на механичкиот и био отпадот.

incenerator1

incenerator2

incenerator3

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top