Општина Чаир објави оглас се бара изведувач за надземниот пешачки премин, што е дел од постапката за изградба на втората фаза од плоштадот „Скендер-бег“, односно изградба на пешачко плато преку булеварот „Гоце Делчев“, од стоковната куќа „Мост“ до раскрсницата со улицата „Стив Наумов“.
Вредноста на овој градежен зафат е проценет на 562.711.865 денари без ДДВ, односно девет милиони евра.
Понудите треба да бидат доставени до 2 октомври.
Пешачкото плато ќе биде пешачка врска меѓу Старата чаршија и објектот на МОБ, а булеварот ќе биде покриен.