Општина Гостивар објави Конкурс за изработка на идејно решение за централното градско подрачје. Изготвените архитектонски проекти за новиот изглед на постоечкото градско јадро на Гостивар треба да се достават до Општина Гостивар најдоцна до 1 јули.
Изборот на најквалитетното идејно решение ќе го врши жири-комисија во состав: Сабри Сулејмани, Сефедин Билали и Јетон Салија.