Насловна / Архитектура / Obel Award 2023 за Living Breakwaters во Њујорк – еколошка и општествена одговорност

Obel Award 2023 за Living Breakwaters во Њујорк – еколошка и општествена одговорност

Бирото за пејзажна архитектура Scape ја освои наградата Obel Award за 2023 година за својот „визионерски“ крајбрежен одбранбен систем во Њујорк, кој ќе станува се поефикасен додека го населуваат остриги.

Наречен Living Breakwaters, проектот на Scape има цел да го намали ризикот од поплави и да се зајакне екологијата долж Staten Island, служејќи како алтернатива на традиционалните крајбрежни бариери, пишува Dezeen.

1

Scape се петти добитник на наградата Obel, која го слави архитектонскиот придонес за луѓето и планетата. Овогодинешната темата е адаптација.

Living Breakwaters е линеарен дел од камени и бетонски конструкции кои во моментов се градат на Staten Island, за да се смири водата и намали ерозијата на крајбрежјето.

2

Меѓутоа, овие структури се и „еколошки подобрени“, што значи дека вклучуваат гребени и жлебови кои го поттикнуваат морскиот див свет да ги населува и формираат вештачки гребен кој се протега на 223 квадратни метри.

Главниот вид што сака да ги привлече се остригите, кои ќе му помогнат на системот да стане погуст додека тие се размножуваат, и за возврат, да ја подобри неговата ефикасност како одбранбена бариера.

3

„Физичкиот дизајн на Living Breakwaters е генијален микс од природни и внимателно моделирани вештачки елементи кои имитираат природно создадени гребени со цел да се поддржи морскиот живот“, се вели во цитатот на Obel Award.

„Архитектурата мора да ја препознае својата еколошка и општествена одговорност. Living Breakwaters го прави токму тоа. Како таков, овој релативно евтин и нискотехнолошки одговор дава суштински пример за тоа како да се проектира не против, туку со природата во прилагодувањето на промените што се пред нас“.

4

Основачот на Scape, Kate Orff, вели дека освојувањето на наградата „е навистина важно за ваков проект“, бидејќи служи како охрабрување за луѓето да придонесат и да развијат проекти за адаптација на крајбрежјето. Таа изјави и дека исто така служи како потсетник за важноста на проектирањето за планетата додека се бори со двојните криза, климатскиот слом и губење на биолошката разновидност.

„Нашите заштитни природни системи се во различни фази на пропаѓање на глобално ниво, а за да ги поправиме, мораме системски да размислуваме и проектираме за да деловите ги врземе повторно заедно “, вели Orff и додава: „И тоа е неверојатно храбар, креативен чин. Се надеваме дека оваа награда може да го нагласи ова: дека природата сега е прашање на проект и дека мора да работиме брзо и да работиме заедно“.

5

Living Breakwaters првично е развиен од Scape за Rebuild by Design – натпревар што го одржа американското Министерство за домување и урбан развој по ураганот Сенди.

Покрај крајбрежен одбранбен систем, проектот вклучува скоро една деценија образовни програми за да се поттикне управувањето со заедницата и рекреацијата долж Staten Island. Предвидено е проектот да биде завршен во 2024 година.

6

Американската пејзажна архитектка Martha Schwartz, која беше претседател на овогодинешното жири за наградата Obel, го поздрави Living Breakwaters како „визионер“.„Ова не само што ќе ги заштити луѓето и ќе го ревитализира крајбрежјето на Њујорк, туку и ќе го врати изгубениот морски биодиверзитет“, објасни Schwartz.

„Ова е визионерски проект кој се справува со целосната задача на адаптација и кој има капацитет да инспирира и позитивно да влијае на ранливите брегови ширум светот.

На Scape ќе им се додели наградата Obel на церемонија во операта во Сиднеј на 21. октомври 2023 година. Наградата е 100.000 евра, како и трофеј направен од уметникот Tomás Saraceno.

Испрати коментар

Scroll To Top