Насловна / Вести / Обединетите Нации планираат ограничување на брзината на автопатите на 100km/h

Обединетите Нации планираат ограничување на брзината на автопатите на 100km/h

Секоја година на патиштата ширум светот гинат околу 1,3 милиони луѓе. Затоа во обединетите Нации (ОН) се обидуваат да дејствуваат и влијаат на националните законодавства кога станува збор за безбедноста во сообраќајот. Новиот план на ОН за намалување на бројот на жртви на патиштата, постапува радикално кон патниот сообраќај. Имено, со глобалниот план за периодот 2021-2030 година, се предлага ограничување на брзината во урбаните средини на 30km/h, потоа намалување на 80km/h на отворените патишта, како и максимални 100km/h на автопатиштата.

limit2

 

ОН повикуваат и на вложувања во патната инфраструктура, особено за земјите во развој. Се бараат и проценки на безбедноста на самите патишта и стандард од барем три ѕвездички од максималните пет. Во Европа, сите автомобили предмет на хомологација од 6-ти јули 2022 година, мораат да имаат технологии како што се: предупредување на поспаност на возачот, снимач на податоци или „црна кутија“, детекција и предупредување на сообраќајот зад автомобилот, помош при задржување на возилото во лента и систем за автоматско кочење во случај на опасност. Исто така, во возилата ќе биде вградена и алкотест инсталација.

limit3

Инаку, новиот документ на ОН ја препознава мобилноста како основно човеково право и заедничко општествено добро, но не напредуваат сите земји со еднаква брзина. Имено, бројот на сообраќајни несреќи бележи пораст во светските региони со најниски приходи.

 

Испрати коментар

Scroll To Top