Лошиот квалитет на воздухот, климатските промени, начинот на живот и лошиот однос кон животната средина, се повеќе влијаат на здравјето на луѓето, се вели во најновиот извештај за паневропскиот регион подготвен од страна ан Обединетите Нации. Загадувањето на воздухот денес е најголемиот здравствен ризик во светот, а над 95% од населението во градовите во Европската Унија се изложени на високи концентрации на штетни материи во воздухот. Над 500.000 смртни случаи се припишуваат на квалитетот на надворешниот воздух, и над 100.000 починале заради лошиот квалитет на воздухот во затворени објекти во 2012.
Климатските промени се една од најголемите закани за здравјето на луѓето и екосистемите. Воедно, тоа е и акцелератор за поголем дел други еколошки ризици. Климатските промени може да влијаат на здравјето преку поплавите, топлотни бранови, суши, намалување на земјоделското производство и др.
Обединетите Нации исто така предупредуваат на растечкиот тренд на губење на биолошкиот диверзитет и уништувањето на екосистемот ширум регионот, како и на големата употреба на автомобили што во некои држави го надминува загадувањето од индустријата.