Насловна / Вести / Обединети Нации: Економската несигурност ги кочи иновациите

Обединети Нации: Економската несигурност ги кочи иновациите

Економската неизвесност ги закочила инвестициите во 2023 година, известува Агенцијата за петенти при Обединетите Нации (ОН), предупредувајќи дека бројот на пријавени патенти паднал за прв пат во 14 години. Минатата година во светот биле пријавени 272.600 патенти, односно за 1,8% помалку отколку во 2022 година, според податоците на Светската организација за интелектуална сопственост (WIPO).

1_21

 

Кина  е на првото место со 69.610 пријави, за 0,6% помалку отколку во претходната година. САД се на второ место со 55.678 пријавени патенти, за 5% помалку отколку во претходната година. На третото место е Јапонија,  додека Германија е на петтото место. И кај овие две земји се регистрирани помал број патенти во 2023 отколку во годината претходно. Јужна Кореја која е четвртопласирана, е единсвена меѓу овие водечки земји која има повеќе пријавени патенти во 2023 во споредба со 2022.

1_23

 

Испрати коментар

Scroll To Top