Dr. Fish Spa се наоѓа на фреквентна шопинг улица во срцето на Белград. Главната идеја е да се создаде оаза во енергичната и динамична средина.
Просторот е поделен на три различни делови. Главниот дел содржи четири аквариуми со рибата Garra Rufa за специјални спа третмани, кој понатаму се претвора во поинтимен подземен простор каде има галерија задскриена зад ѕидот од бамбус. Уште од самиот почеток вегетацијата се користи како силен концептуален елемент.
Со отстранувањето на гипсениот слој повторно им се дава живот на постоечките архитектонски елементи. Бетонскиот кров внимателно е реставриран, а соголените ѕидови од тула се обоени бело покажувајќи ја својата нерегуларност и комплексната структура, што е интегрален дел на дизајнот.