Новите фотографии од Oasia Hotel Downtown во Сингапур, објект на 30 ката проектиран од WOHO, покажуваат како природата полека ја освојува конструкцијата. Објектот е проектиран како „зелена кула со вегетација’, во срцето на финансискиот кварт на градот.
Вкупно 21 различни видови на растенија кои ползат, одлично се надополнуваат на црвената боја на самата метална конструкција на објектот, и обезбедуваат природна средина за инсекти и птици, додека пак реакцијата на растенијата под дејство на различните светла, ветер или сенки, креира впечатлив мозаик.
Откако кулата е изградена во 2016 година, објектот добива многубројни признанија, меѓу кои и CTBUH Best Tall Building Worldwide in 2018.