Насловна / Градежништво / Техеран каков што не го познаваме

Техеран каков што не го познаваме

Во нашата јавност, а и пошироко во светот, кога ке се спомне Техеран веднаш се будат асоцијации на санкции од ОН, атомски централи, оружје за масовно уништување, протести на опозицијата… тоа е впечатокот создаден од медиумските извештаи од Иран. Ретко се споменува и другата слика на градот, а таа има што да понуди. И покрај разните санкции, многумилионскиот град се развива со чекори кои не сопираат.

Во однос на градежништвото, Техеран
експресно се развива и се гради во стил на светска метропола. Тој е центар на
модерната градба.

Тоа може да се забележи при самото
слетување на меѓународниот аеродром Имам Хомеини. (
IKA).

Техеран има уште еден аедродром,
Мехрабад лоциран во самиот град, а се користи за домашни линии.

Се градат модерни станбени згради,
каде влезните партии се како да влегувате во најлуксузни хотели, со рецепција,
кожни гарнитури за прием на гости, фонтани. Во составот на речиси секој станбен
комплекс постои базен, сауна, јакузи, теретана, кои се на располагање на
станарите. Цената на становите во северниот-елитен дел на Техеран се движи
околу 3.000 евра за квадратен метар, а во некои облакодери цената на стан со 2
до 3 спални соби достигнува и до 1.000.000 УСД.

Носивата конструкцијата на зданијата
најчесто е челична,

а фасадите главно се изведуваа од
гранит, кој во Иран го има во изобилство.

Од пред извесно време е донесен закон
со кој се забранува овој тип фасада, главно поради тежината и потенцијалната
опасност во случај на земјотрес, бидејќи Иран, а посебно Техеран е многу трусно
подрачје. Во последните години државата бара од градежниците посебно да обрнат
внимание на заштеда на енергијата во станбените проекти, па сега полека
навлегуваат новите системи на термички фасади.

Се градат и голем број модерни
административни центри, трговски центри, кино сали.

Како објекти кои го симболизираат
новиот и стар Техеран се:

Милад ТВ-облакодерот, со височина од
435 метри се смета за чеврта по висина ТВ кула во светот, после ТВ кулите во
Торонто, Москва и Шангај. Ова е воедно и највисоката конструкција во Иран како
и на Блискиот Исток.

Неизбежен симбол е и Азади плоштадот
со препознатливиот споменик (портата на Техеран)

„Крвотокот“ на Техеран се неговите
модерни сообраќајници. За да може овој многумилионски град да функционира, во
самиот град се изградени повеќе автопатишта. За да можат овие автопати да
проаѓаат низ самото јадро на Техеран изградени се многу надвозници, потпорни
ѕидови, како и неколку грандиозни тунели, на кои секоја модерна метропола може
само да им позавиди.И покрај многуте автопатишта сообраќајот во Техеран е
преоптоварен од огромниот број возила и мотори. Потребна е огромна вештина,
нерви, а и храброст да се управува возило по улиците на Техеран, посебно во
ударните часови.

Енормниот сообраќај, а и
местоположбата, опкруженоста од високи планини, го става Техеран во рангот на
најзагадените градови во светот.

За да се реши овој проблем, во
Техеран се проширува мрежата на модерната подземна железница, а во тек е и
изградба на надземна
monorail железница.

Тлото на кое е лоциран градот е
песокливо и суво, но тоа не е пречка градот од година во година да станува сè
позелен, со голем број прекрасно средени паркови, во кои се изградени фонтани,
вештачки езера и реки, забавни паркови, отворени театри, рекретивни содржини,
кафетерии. Иранскиот народ посебно гаи култ кон зеленилото, па буквално преку
ноќ покрај поголема сообраќајница просторот се зазеленува и се украсува со
прекрасни цветни аранжмани.

На крај, би сакал да потенцирам дека
градежниот факултет во Техеран се смета за еден од најдобрите факултети во
својата облас во светот. Многу студенти завршени на овој универзитет денеска се
светски признати неимари, професори кои предаваат на најелитните факултети во
светот. Тоа е само потврда дека во Иран градежништвото е на доста високо ниво,
каде постојат стандарди кои се во корелација со светските, се применуваат
најсовремените технологии и градежни материјали.

Градежништвото во Иран во последните
5-6 години е во силна експанзија, па поради тоа АДИНГ, преку мешовитата фирма
Ading Shimi Pars
Ading Persija
одлучи да отвори фабрика за производство на хемиски градежни материјали и со
своите производи да стане дел од импозантните градби во оваа земја, далечна, но
сепак блиска на Македонија.

 

 

Горан Јовановски,

дипл.град.инж.

(Авторот е претставник на Адинг во Иран)

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top