Насловна / Архитектура / Убави градови, музеи, галерии…

Убави градови, музеи, галерии…

muzejot-na-branli-thumb.jpgВо Париз, центар на западната култура, да се направи
адекватен музеј на култури кои не се западни, туку се
култури на Африка, Азија,Океанија и Америка, беше
предизвикувачка задача за познатиот француски
архитект Жан Нувел. Возбудата и енергијата од
проектирањето е присутна, се чувствува насекаде.

Извира во секој дел. Секоја фасада е различна. На едната
страна се обоените брисолеи како заштита од сонце,
а на другата колоритните боксови проектирани над
градината. Фасадата кон улицата е вертикална градина,
пропорционална и складна со фасадите на апартманите
на барон Осман што доминираат во овој реон.

 

Средбите со новите за нас
непознати градови се секогаш
возбудливи. Градовите се
запознаваат, доживуваат, чуствуваат,
уште при првата средба.
Нивната урбанистичка поставеност,
нивната среденост, нивната
чистота се гледа на прв поглед.
И зборува многу за нив. Но, тоа
што не можеш да го видиш, а го
чувствуваш, е нивното духовно
богатство. Убавините сместени во
нивните музеи, галерии, изложбени
сали, зборуваат за тој град, тој
народ, таа нација, таа држава.
И двете карактеристики, и
двете доживувања се многу
моќни. Можат да се доживеат
со одбојност и непријатност,
или со почит и возбуда.

 

Во моите гимназиски денови,
при мојата прва посета на Париз
во 1964 година, бев воодушевена
од градот, од неговите музеи,
галерии. Бев фасцинирана од
нивната убавина, нивното богатство,
нивната големина, и посебно од
огромните редови на посетители
кои чекаат да влезат, да го посетат
музејот, стоејќи или седејќи на мали
столчиња што самите ги донеле. muzejot-na-branli-1.jpgВо
тој период, за мене беше актуелно
размислувањето за кои студии да
се определам. Париз дефинитивно
го стесни кругот на избор, помеѓу
архитектура и историја на уметност.
Многу подоцна во Москва, како
архитект, бев фасцинирана од
фактот што луѓето приморани
да чекаат во редови за основни
животни намирници заради
тогашната општествена состојба,
доброволно и со многу љубов
стоеја и пред вратите на нивните
преубави музеи. Меѓу нив стоев и
јас, го чекав мојот ред да влезам,
да се запознаам со убавините
сместени во овие прекрасни музеи.
И денеска пред вратите на големите
светски музеи се забележува
истата слика. Таа зборува за
духовната големина на Човекот.
Тоа е слика која посакувам да ја
видам и пред нашите музеи. За жал,
не сум ја забележала. Или можеби
многу ретко. Можеби во иднина.

 

Човекот и музеите
Делата на креативноста на народот,
неговата Убавина, неговото
духовно богатство, се чуваат со
најголемо внимание насекаде во
светот, во сите земји. Музеите ја
имаат таа чест и должност. Тоа
се објектите во кои се изложува
и се чува творештво од минатото,
сегашноста и иднината. Нивното
постоење е многу значајно. Нивното
градење е императив. Креативното
творештво, уметноста на нашите
предци или современици, Убавината
што ја создале, е непроценето
богатство за сите нас, богатство
кое припаѓа на народот, на целата
наша цивилизација и треба да се
заштитува на најдобар можен начин.

 

Света должност на архитектите
била и е, да осмислат,
испроектираат и изведат квалитетни
објекти за таа цел. Со тоа и
архитектурата, како значаен дел
на процесот на креативност, на
творечкиот развој, на бесценетоста,
ја потврдува својата важна улога и неопходноста од неа.
Архитектурата е алка која Убавината
ја сместува во соодветна просторна
Убавина, и ја прави уште поголема.
Ја прави достапна за народот.
Секој ја чувствува Убавината. muzejot-na-branli-2.jpgА
магичните зборови Убавина, Љубов
и Вистина, ги разбираат сите.
Тие се денес формула својствена
на музејот и на театарот.
Во овој напис сакам да се
осврнам на некој од музеите што ми
оставиле силен, посебен впечаток,
и што ме фасцинирале со својата
Убавина. Музеи кои се значајни по
големината на нивните колекции,
по вредноста на експонатите
што се изложени во нив, и секако
по нивната архитектура. Еден
од нив е од поновите музеи.

 

Музеј на кејот
Бранли во Париз

Музејот на кејот Бранли (Musee
du Quai Branly) е релативно нов
музеј, отворен на 23 јуни 2006
година. Во него е изложена
примитивната уметност на старите
култури и цивилизации на Африка,
Азија, Океанија и Америка.
Затоа и требало да вика Музеј на
примитивната уметност, но го добил
името Бранли, според кејот каде што
се наоѓа. Овој голем музеј располага
со фасцинантна колекција од
267.000 експонати, од кои 3.500
се постојано изложени. По десет
специјални изложби се поставуваат
секоја година. Ова богатство е
зголемено со огромна библиотека.
Неговата реализација беше
поддржана од тогашниот француски
претседател Жак Ширак. Во Париз,
центар на западната култура, да
се направи адекватен музеј на
култури кои не се западни, туку се
култури на Африка, Азија, Океанија
и Америка, беше предизвикувачка
задача за познатиот француски
архитект Жан Нувел.

 

Жан Нувел – француски
монумент

Жан Нувел (1945) е еден од
најголемите современи француски
архитекти. Исклучително активен
и креативен автор. Добитник на
многу награди. Тој е француски
монумент. Лауреат на 32. престижна
награда Прицкер во 2008 година.
Оваа највисока награда е добиена
за неговата работа на повеќе од
200 проекти во светот, меѓу кои:
„Њујорк Тајмс“, „Арапскиот Светски
Институт“, „Тор Агбар“ во Барселона,
„Театарот Гутри“ во Минеаполис,
и секако за предизвикувачкиот,
мистериозен и диво ексцентричен
музеј „ Бранли“ во Париз. Тоа е
награда за новите идеи, за неговиот
талент, визија и ангажман.
Музејот е лоциран на левиот брег
на реката Сена, во непосредна
близина на Ајфеловата кула,
на булеварот „кеј Бранли 37“.
Објектот е поставен на плац од
19 ари. Од источната страна се
граничи со познатите апартмани
на барон Осман, објекти од 19
век, со униформирани фасади,
репрезенти на рационалната
доследност на Париз. muzejot-na-branli-3.jpgТоа ја прави
задачата на авторот уште потешка и
попредизвикувачка.
Зградата на музејот личи на долга
пасарела. Поставен на столбови, тој
се протега низ атрактивен простор,
обработен со дива, егзотична
градина. Посетителот, пресекувајќи
ја ридестата градина со нескротена
вегетација, заштитена од буката на
булеварот со огромен стаклен ѕид
во неправилна форма, доживува
возбудливо откривање на објектот.
Сè што се појавува пред нас, што
се доживува надвор и внатре во
објектот, е со искривена, неправилна
форма, флуидно, транспарентно,
мистериозно и секако топло.
Моето прво доживување беше
возбудливо, но не беше лесно. За да
го засакаш овој објект мора прво да
ја прифатиш неговата необичност.
Таа се прифаќа постепено, и уште
долго. Долго се мисли на нејзината
необичност, на објектот и на сè што
си видел и доживеал во него. Не
можеш да останеш рамнодушен.

 

Архитектонскиот ансамбл се
развива на пет нивоа, крунисани со
една голема тераса, со возбудлив
поглед на Ајфеловата кула и градот
Париз.Врската помеѓу галериската
зграда и канцеларискиот дел е
преку мали нежни мостови.
Возбудата и енергијата од
проектирањето е присутна, се
чувствува насекаде. Извира во секој
дел. Секоја фасада е различна.
На едната страна се обоените
брисолеи како заштита од сонце,
а на другата колоритните боксови
проектирани над градината.
Фасадата кон улицата е вертикална
градина, пропорционална и складна
со фасадите на апартманите на
барон Осман што доминираат во
овој реон. Во делот што се граничи
со нив, кон улицата, се развива
фасада од 200/12 м, покриена со
атрактивна завеса од егзотични
растенија, распоредени покрај
огромните прозорци. Тоа е зелениот
(вегетативен) зид, Le Mur Vegetal.
Спојот помеѓу овие два објекта,
од 19 и 21 век, е многу интересен
и необичен. Ја потенцира
индивидуалноста и убавината на
секој од стиловите на објектите,
репрезенти на своето време. „Кога ќе им дадете на луѓето цвеќе,
тие се среќни“, вели архитектот
Жан Нувел за неговиот дизајн.

 


Зелен ѕид

Зелениот ѕид е дело на ботаничарот
Патрик Бланк. Системот на неговиот
зелен ѕид дозволува растенијата
и објектот да бидат заедно, да
живеат во хармонија. Тој користи
cpiphytic (растение кое расте на
друго, но не е паразит) и saxicolous
растенија кои растат на влажни
камени ѕидови. Растенијата се
вкоренети без земја, во слој
од рециклиран полиамид, како
средина за растење на корените.
Се наводнуваат со специјален
систем, со рециклирана вода.
Во оваа бујна вегетација, вклучени
се повеќе од 1500 растенија
од 150 различни видови.
Скоро две третини од просторот е
фасцинантна градина, дизајнирана
од Жил Клеман. Ридеста, жбунеста,
скриена од буката на кејот со
висока ограда од стакло, се
простира на 18.000 м², нудејќи
им на посетителите на музејот, на
минувачите, на жителите на квартот,
впечаток на егзотична природа
и изобилство. Благодарение
на вештината на проектантите,
градината поминува и под објектот.
muzejot-na-branli-4.jpgКако место на спој на раскошна
природа и култура, градината
просто повикува на возбудливо
патување, по мали патеки поплочени
со камен, во медитација, сонување,
мечтаење… Биодиверзитетот на
растенијата е планиран како одек,
како ехо на различностите на
културните артефакти во музејот.
Неколкуте зони долж екстериерниот
ѕид, претставуваат внатрешни,
сликовити региони на четирите
континенти. Околу 30 специјални
билки и 169 дрвја, како храст и
јавор се на северната, а магнолии и
црешови дрвја на јужната страна.
„Улогата на архитектот треба да
биде колку што може поплеменита,
подарежлива“ (Le role de l’architecte
est d’etre le plus genereux possible),
вели Жан Нувел, големиот архитект.
Убавината, племенитоста и
хармонијата, воспоставена помеѓу
креативноста на народите од
различните страни на светот,
нивната уметност, природата и
просторот што тој го обликувал,
се чуствува. Неговата архитектура,
едноставно, убаво и смело ја
презентира оваа Убавина. Таа е за
сите посетители. Лебди насекаде.
Јас ја доживеав и почувствував.
Тоа е слика и чувство, кое посакувам
да го доживеат и да го видат
посетителите и на нашите музеи.

 

Љупка Дуковска,
дипл.инж.арх.

Испрати коментар

Scroll To Top