Склучување на договор е
облигационен однос меѓу
две страни, но за жал, тоа
во градежништвото го нема.
Инвеститорот секогаш ги
поставува правилата, рокот
за изведба максимално се
почитува, а кога ќе дојде
делот за плаќање, тоа се
пролонгира со месеци
и месеци. И досега се
склучувале анекс договори
како што сега предлага
Владата, но тие немале
законска основа.
Владата
во својот Предлог закон за
измени и дополнување на
Законот за јавни набавки
практично ја озаконува
досегашната практика. Ако
и досега градежниците
биле финансиери, тие
отсега на тоа ќе бидат
обврзани со закон.
Најавените измени на Законот
за јавни набавки, кои треба
да се усвојат по скратена
постапка, одново го разбрануваа
морето на должничката криза во
која се наоѓаат градежниците. Тие
и онака едвај пливаа во него, а сега
некои можеби и ќе се удават во него.
За што конкретно станува збор.
Владата по итна постапка предложи
измени во Законот за јавни набавки
со образложение дека е потребно
усогласување со измените во
Кривичниот закон. Во предлогот
упатен до Собранието на Република
Македонија се вели: „Потребата
за изготвување на Законот за
изменување и дополнување на
Законот за јавните набавки е
резултат на негово усогласување
со измените и дополнувањата на
Кривичниот законик („Службен
весник на Република Македонија”
број 114/2009), што започнаа да се
применуваат од март 2010 година.
Имено, донесувањето на измените
и дополнувањата на Кривичниот
законик ја наметна потребата од
негово усогласување со повеќе
закони меѓу кои и со Законот
за јавните набавки. Измените и
дополнувањата на Кривичниот
законик се рефлектираат и врз
Законот за јавните набавки, поточно
врз Седмата глава – Доделување
на договорот за јавна набавка –
Дел 2 Утврдување на способност
– Оддел 2 Лична состојба на
економскиот оператор“. А потоа се
споменуваат разни казнени одредби
и електронското наддавање.
И одеднаш, меѓу сето тоа, се
додава нов член 26-б кој гласи: „Во
услови на донесување на измени
и дополнувања на Буџетот на
Република Македонија со кои се
намалуваат одобрените средства,
буџетските корисници можат да
извршат промена на динамиката
на реализација и/или плаќање
на обврските од склучените
едногодишни договори, по
претходно обезбедена согласност
од другата договорна страна, со
склучување на анекс на договорот
за продолжување на рокот за
следната година или повеќе. За
склучување на анекс на договорот
потребна е согласност од Владата
на Република Македонија“.
Изминативе денови, претставниците
на Владата тврдат дека ваквиот чекор
е исклучително добра мерка, која
би требало да биде поддржана
и од фирмите. Со овие измени
буџетските корисници добиваат
законско право да бараат од
фирмите со кои склучиле договори
за купување стоки, за користење
услуги или за изградба, одложување
на договорените рокови за плаќање,
за една или повеќе години. Според
министерот за финансии Зоран
Ставрески, со пролонгирање на
роковите за исплата на обврските
кон стопанството, тоа добива
сигурност за завршување на
проектите и финансиски средства
кои ќе им бидат исплатени.
„Тоа е начин на спогодбено
решавање на ситуациите што се
практикува во меѓународното право
во сите земји. Ако двете страни кои
се учесници на еден договорен
однос се договорат за еден поинаков
начин на динамика на решавање на
финансиските прашања на изведба
на работите, тогаш тоа е формално-
правно во ред и на таков начин се
поставени измените на законот“,
и објасни на јавноста министерот
Ставрески. Тој вели дека во сите земји
во Европа, во услови на финансиска
криза, на ваков начин се практикува
решавање на проблемите со
исплата, наместо да се откажуваат
проектите и наместо фирмите да
останат без работа. Се поставува
прашање, дали Македонија е во криза
или не, и доколку е, дали ваквото
законско решение ќе се промени
по надминувањето на кризата?
Компаниите, засега срамежливо ги
коментираат овие мерки на владата,
не сакајќи јавно конфронтирање со
најголемиот инвеститор во државата.
Но голем дел од нив сметаат дека на
овој начин ќе се создаде простор,
исплатите на инвеститорите уште
повеќе да доцнат. И ќе ја влоши
и онака лошата ликвидност.
И се ќе беше ново, ако не се
погледне во досегашната практика.
Понуденото законско решение
само го прави тајното – јавно и му
дава законска обвивка.
Неодамна,
на седница на Здружението на
градежништво, индустрија на
градежни материјали и нематели, при
Стопанската комора на Македонија,
во расправата за јавните набавки и
за имплементација на законската
регулатива во градежништвото,
почитувањето на договорните
обврски во делот на навремена и
квалитетна наплата, имаше и ваква
изјава од еден од учесниците во
расправата: „Кога станува збор за
договорите, ние градежниците се
наоѓаме во подредена ситуација
пред инвеститорите. Еден пример,
моравме да потпишеме Анекс
договор со една општина, во кој
стои дека наплатата ќе се изврши до
крај на 2010 година, ако во буџетот
има прилив на средства. А работата
ја завршивме и фактички излегува
дека ние како градежници бевме
финансиери“. Значи и досега се
склучувале анекс договори како
што сега предлага Владата, но тие
немале законска основа. Токму со
ваквите клаузули сега настапува
Владата со својот Предлог закон за
измени и дополнување на Законот
за јавни набавки. Практично ја
озаконува досегашната практика.
Ако и досега градежниците биле
финансиери,
тие отсега на тоа
ќе бидат обврзани со закон.
Инаку, на споменатата седница
во Комората се истакна дека
јавните набавки во државата, од
година во година бележат тренд
на зголемување, така што вкупната вредност на јавните набавки во 2009
година учествува со 12 проценти во
БДП. Во градежништвото, во 2008
година се склучени 728 договори
за работа, а во 2009 година 1.165
договори, односно зголемување од
околу 60 насто. Во нив најголемо
учество имаат договорите за
изведување кое се движи со
околу 87-90 отсто. Присутните во
расправата побараа транспарентност
во јавното наддавање, квалитетно
електронско наддавање кое не остава
простор за сомневање, квалитетно
изработени тендери. Потоа,
почитување на одредбите од Законот
за градење, посебно лиценците
што ги поседуваат градежните
компании, кои треба да бидат
приоритет, а не да се отстапуваат
на други фирми за аплицирање,
но и за добивање на работите.
Градежниците истакнуваат дека,
сепак потешката работа е да се
наплати изработеното, посебно
од државните и локалните
институции, од причина што
често во договорите, од страна на
инвеститорите, се предвидува рок
на плаќање од најмалку 90 дена, па
и повеќе од 160 дена од денот на
потпишување на ситуацијата, при
што излегува дека градежниците
ја финансираат градбата, да платат
ДДВ на доставена, а ненаплатена
фактура, да обезбедат плата на
вработените и да ги подмират сите
други давачки кон државата.
„Склучување на договор е
облигационен однос меѓу две страни,
но за жал, тоа во градежништвото
го нема. Инвеститорот секогаш
ги поставува правилата, рокот за
изведба максимално се почитува, а
кога ќе дојде делот за плаќање, тоа
се пролонгира со месеци и месеци“,
беше речено во расправата. ”На
седницата се заклучи, писмено
да се информираат надлежните
министерства за пробелмите со
кои се соочуваат компаниите
во тековното работење, како и
можноста да се наплатат меѓусебните
побарувања со пребивање со
побарувањата од државните
институции. Одговорот од Владата
компаниите го добија во вид на
најавените измени на Законот за
јавни набавки, во кој очигледно ги
нема нивните забелешки, но затоа ја
има досегашната практика во која и
тие, сакале или не биле учесници.