Насловна / Вести / „Нурни длабоко“ во второто издание на ДРИМON

„Нурни длабоко“ во второто издание на ДРИМON

10486771_833430740000703_4601228614288409811_n

Здружението Иницијатива за независен културен активизам (ИНКА), ја објави програмата за фестивалот за процесирање култура ДРИМON, кој по втор пат ќе го раздвижи културниот живот во Струга, во периодот од 23 до 27 јули на Летната сцена на Центар за култура-Струга. Движечкото мото на ова издание е „Нурни длабоко“, со што организаторите повикуваат на петдневно „нурнување“ низ теми кои ја облагородуваат мислата во градот покрај Црн Дрим. Петте фестивалски денови се поделени во пет концептуални насловни загатки како целини од повеќе активности од предавања, работилници, филм, музика, изложби и театар: „Све(с)т во транзит“, „Кадарен рез“, „ Проектирано живеење“, „Утрешниот уметник“ и „Башка реалност“.

drimon

Публиката ќе има можност да види изложби, перформанси, инсталации и проекции на Игор Тошевски, ОПА, Влада Урошевиќ, Ана Лазаревска, Енкел Дика и на Љубиша Камењаров. Поетот Никола Маџиров ќе има музичко–поетски перформанс насловен „Две месечини“, додека „Буден театар“ гостува со претставата „Јас, Љубам, Бог“.

10352929_834222226588221_6297048239960608700_n10537427_834687923208318_373942887336828651_n

Ќе бидат прикажани и кратките филмови „Четврток“ на Милчо Манчевски, „Епизодист“ на Игор Алексов, „Влакна“ на Елеонора Венинова, „Што е парада“ на Наташа Гелева, „Девојчето со кибритчињата“ на Филип Матевски и „Супа од кокошка“ на Лидија Мојсовска.  На работилниците и предавањата ќе може да се споделат знаења за применета музика, за филмска продукција, а исто така застапени се теми од архитектурата и урбаното живеење.  Меѓу учесниците се Влада Урошевиќ, Ана Јовковска, Стефан Сидовски, Небојша Илијевски, Игор Василев, Катерина Микрут, Јоне Јанкоски, Ивана Групче, како и гостите Марко Кројач од Германија, Алексис Дебе од Франција и Јан Зилјстра од Холандија.

10527900_841451392533678_2782328107418598998_n

За децата се предвидени две работилници: експериментална и работилница за оригами инсталација. Ќе се одржи и концерт на белградското психоделично поп дуо „Ти“, а музичкиот артист од Нови Сад Дуња Дачиќ, позната под псевдонимот Доџо ќе настапи пред групата. Музички диџеј сетови ќе имаат Јане Алтипармаков, Новоградска и Никола Матоски. За целото времетраење на фестивалот ќе се одржи саем на книга и базар на уметнички производи.

10386354_833932516617192_423063245720012919_n
Во продолжение, видео најавата за настанот:

Испрати коментар

Scroll To Top