Насловна / Екологија / Нуклеарните реактори во ЕУ почесто вон погон

Нуклеарните реактори во ЕУ почесто вон погон

libc3a9ration-carte-france-nuclc3a9aire
Во наредните неколку години, веќе старите нуклеарни централи често ќе бидат вон погон, што  компаниите кои управуваат со нив ќе ги чини милиони евра. Истовремено, поради прекините во работењето, значително ќе падне и сигурноста во снабдувањето со електрична енергија. Нуклеарните централи обезбедуваат една третина од производството на електрична енергија во Европската Унија, а просечната старост на 132-та реактора во 14-те земји членки на ЕУ е 30 години. Франција е европски лидер на полето на нуклеарната енергетика со 58 реактори, Велика Британија има 16, Шведска 10, а Германија 9 (Германија затвори 8 реактори по катастрофата во Фукушима).

Но, и покрај староста, честите дефекти и прашањето на безбедноста, за многу земји членки на ЕУ затворањето на реакторите не е опција поради недостатокот од алтернативни енергетски капацитети. Другите видови на електрични централи не се конкурентни според оперативните трошоци или пак не можат да ги задоволат строгите прописи од областа на заштита на животната средина.

Испрати коментар

Scroll To Top