Унгарија е земја увозник на електрична енергија, при што во 2013-та увозот учествувал со 28% во енергетскиот биланс. Нуклеарната централа „Пакш“ во минатата година пак, обезбедила околу 50% од националните потреби за електрична енергија. Но, имајќи го предвид нејзиниот експлоатационен век, експертите предупредуваат дека доколку навреме не се започне со изградба на нови енергетски капацитети, енергетската иднина на Унгарија по 2030 година ќе биде прилично неизвесна.
Проширувањето на атомската централа „Пакш“ ќе ѝ даде на Унгарија конкурентна предност пред другите европски земји. Даниел Бенеш, генерален директор на компанијата „CEZ“, веќе обрна внимание на тоа, дека благодарение на новите атомски капацитети по 15-20 години електричната енергија што се произведува во Унгарија може да биде значително поевтина одошто, на пример, во Чешка.