Нуклеарната енергија се враќа на голема врата ширум светот, изјавил челникот на Меѓународната агенција за енергетика (IEA), Фатих Битол, издвојувајќи ги Франција, Азија, Северна Америка и Блискиот исток. „После руската инвазија на Украина, многу земји ја разбраа важноста на нуклеарната енергија во комбинација со обновливите извори на енергија, односно на домашното производство на електрична енергија“, рекол Бирол.
Германија минатата година го исклучи и последниот нуклеарен реактор, а Бирол смета дека Берлин би требало да ја преиспита оваа своја одлука. „Да сум на местото на владата во земја со технологија со беспрекорни резултати, и да се откажам од неа и да разгледувам опции кои ќе ја зголемат мојата зависност од други земји и ќе генерира емисии на штетни гасови, јас добро би размислил“, рекол челникот на IEA. Пред руската инвазија на Украина, слична политика водеше и белгиската влада, но се предомислија. Се разбира, нуклеарниот отпад е сериозен предизвик, признач Бирол, но тој е решлив и не треба да биде причина за отфрлање на нуклеарната технологија.