Насловна / Вести / Нуклеарна иднина

Нуклеарна иднина

Експертите укажуваат на катастрофалниот факт дека јаглен, гас и нафта има уште за следните 200 до 300 години. Изјавите на политичарите дека земјите ќе го базираат својот енергетски потенцијал на обновливи извори на енергија, експертите ги наведува да укажат на фактот дека постои извор на енергија кој ќе се користи во светот во наредните неколку сто години.

При тоа мислат на нуклеарна енергија заснована на рудата ураниум, а  после тоа генерациите што ќе ја преживеат 2500 година ќе користат ториум за суровина, кого го има доволно за следните милениуми.

Што и да мислиме, нуклеарната енергија и понатаму е еколошки најчистиот вид за производство на струја без која нема живот.

nn

Се повеќе се зборува за целосна забрана на електрани на јаглен поради загадување. Затоа, остануваат само обновливи извори на енергија, пред се хидро, кои за жал се многу различно распоредени низ земјите. Некои земји сигурно немаат брзи реки, некои немаат премногу сонце, а за ветерот сè уште може само да се разговара.

Експертите сметаат дека на сите мора да им биде јасно дека во следните 300 години (и мора да мислиме и на следните генерации) ќе има огромен недостаток на енергија во светот од класични извори и дека иднината на цивилизацијата е во користењето на нуклеарната енергија. Земјите кои нема да се снајдат во своите нуклеарно енергетски проекции ќе се вратат во каменото време.

nn1

И покрај застојот во изградбата на нуклеарни постројки по Чернобил и Фукушима, земји како Кина, Кореја, Индија, Јапонија воопшто не се сомневаат кој извор на енергија ќе го користат во иднина, туку проектираат и градат нови нуклеарни централи.

Од кинески извори може да се заклучи дека во следните 25 години, на Кина ќе и биде потребно пет пати повеќе енергија отколку на целиот свет заедно.

Испрати коментар

Scroll To Top