Првата светска нулеарна електрана од четвртата генерација, кинеската нуклеарна електрана со високотемпературен гасен реактор (HTGR) „Шидаован“, започна да ги снабдува со топлина жителите на градот Ронгченг во источната кинеска провинција Шандонг. Ова е прв пат во Кина, една нуклеарна електрана да обезбедува топлинска енергија за жителите на еден град, што означува уште еден напредок во сеопфатното користење на нуклеарна енергија. Со тоа се заменува работата на постоечката термоелектрана на јаглен, што ќе резултира во значително намалување на емисиите на стакленички гасови.
Проектот е развиен заенички од страна на Кинеската национална нуклеарна корпорација, академската заедница и групацијата China Huaneng. Во декември 2023 е пуштена во комерцијална работа. Градор Ронгченг оваа година планира да ја надгради својата топлификациска мрежа, со што ќе може да снабдува со топлина и други квартови на градот, односно половина од жителите ќе имаат пристап до топлинска енергија обезбедена од нуклеарен погон.