Доколку сакате нешто повеќе од вообичаените слушалки, Huawei има решение.
Брендот ги создаде слушалките „FreeBuds“ кои доаѓаат во Bluetooth футрола што наликува на вистински кармин. Концептуализирани и креирани од парискиот центар за истражување на естетиката на HUAWEI, „FreeBuds Lipstick“ се фокусирани на луксузна дизајнерска естетика и инспирирани од врвна козметика. Производот е тестиран на повеќе од 10.000 модели на човечки уши за да се обезбеди максимална удобност дури и во ситуации на интензивно движење.
И во однос на квалитетот на звукот, „FreeBuds“ се одлични. Имаат брзина од 48 kHz и AEM EK подесување кое е достапно преку „HUAWEI AI Life App“. Но, тоа не е она што го прави овој технички додаток посебен.
Слушалките доаѓаат со Bluetooth футрола која е дизајнирана да изгледа како металик црн кармин со металик златна лента. Кога ќе се отвори капакот, сјајната златна база открива пар слушалки кои се обоени во темно црвена боја за да одговараат на темата.
Со исклучено поништување на бука, FreeBuds нудат 22 часа репродукција на музика со целосно наполнета футрола. Слушалките, кога се целосно наполнети, нудат четири часа репродукција. Можат да се поврзат со Android паметен телефон, компјутер, таблет или кој било iOS уред со помош на двојна врска на уредот преку Bluetooth.