Насловна / Архитектура / Новото светилиште во Лис од Џејмс Горст Архитектите добитник на наградата Цивик Траст за 2024

Новото светилиште во Лис од Џејмс Горст Архитектите добитник на наградата Цивик Траст за 2024

Конкорд конференцискиот центар во Алтринчам, град во близина на Манчестер, Англија, на 22 март 2024 година, не беше само домаќин на овогодишната церемонија за доделување на Цивик Траст Наградите за 2024 година, туку и на одбележувањето на 65 годишнот јубилеј од воспоставувањето на наградите во 1959 година коишто станаа значајна платформа за признавање на најдоброто во изградената средина.

Континуираното меѓународното значење на платформата беше потврдено и оваа година со пријави на трудови од Канада, Франција, Германија, Литванија, Малата, Полска и САД покрај оние од Велика Британија.  Од 320 пријавени проекти, 140 беа прогасени за регионални финалисти, од кои 68 беа или наградени или пак им беа доделени пофалници.  Преку ова беа одбележани исклучителните достигнувања на оние коишто придонеле кон локалните заедници преку своите значајни творби во доменот на архитектурата, урбаниот дизјан, урбанизамот, јавниот простор и јавната уметност.

Во согласност со вообичаената пракса Националното жири и оваа година додели и

СПЕЦИЈАЛНИ НАГРАДИ:

  1. Специјалана награда на Националното жири за Комплексот на новото светилиште во Лис од Џејмс Горст Архитектите за најисклучителен проект од овогодишните наградени проекти.

2. Специјална награда за одржливост за Комплексот на новото светилиште во Лис од Џејмс Горст Архитектите за егземпларен проект во однос на севкупните параметри за проектирање, изборот на материјали, метод на градба и долгорочната потрошувачка на енергија.

3. Специјална награда за реупотреба и адаптација на Градската куќа на Тауер Хамлетс од Олфорд Хал Монахан Морис за исклучителен проект за објект којшто во спротивно би бил оставен да пропаѓа или пак би бил срушен за да можат да се задоволат сегашните потреби.

Проектот придонесува за локалната заедница и за корисниците на истиот преку одржување на културното наследство или реставрацијата на културно значаен објект, и преку обезбедување на неговата употребливост за нови намени и современи функции.

4. Специјална награда за образование на Алфретон Парк училиштето (за ученици со посебни потреби) од Крл ла Турел Раководител за архитектура на Дербишајар околискиот совет за исклучителен образовен објект којшто инспирира креативност, независност и љубов кон учењето.

Испроектиран да го негува интелектуалниот, физичкиот, социјалниот и емоционалниот развој на учениците и да го задоволат и надминат потребите на вработените.

5. Специјална награда за влијание и вклученост на заедницата на Раундхаус Воркс од Пади Дилон Архитектите со Рид Ватс Архитектите за исклучителен проект којшто покажува како успешната вклученост на заедницата помага да се реализира највисок стандард на дизајн и да се задоволат потребите на локалното население.

6. Специјална награда Мајкел Мидлтон на Бокшо Скверас од Студио Сеилерн Архитектите и УАБ Архинова за Балтишес Хаус, за исклучителен проект на обнова или новоизграден проект во заштитена зона на градителско наследство.

КОМПЛЕКСОТ НА НОВОТО СВЕТИЛИШТЕ ВО ЛИС

Комплексот на новото светилиште во Лис (Ист Хамшијар, Англија) од Џејмс Горст Архитектите за потребитте на Вајт Игл Лоџ е овогодишниот двоен добитник на Цивик Траст Наградите, како добитник не само на Специјалната награда на националното жири, туку и како добитник на Специјалната награда за одржливост.   Нарачател на овој проект е  Вајт Игл Лоџ спиритуална организација осована во 1936 година која ги попфаќа сите вери без било која од нив да доминара.

Процесот на реазлизацијата на овој објект бил карактеризиран со три години долга интезивна и вклучителна програма на консултации со нарачателот, корисниците на објектот и локалната заедница, а со цел да се дефинира проектната програма.  Почетокот на секоја фаза од проектот одпочнувала со консултации со фокус групи и средби со идните корисници за да се обезбеди вклучување на различните гледања кон објектот.  Како резултат на ова проектот е рефлексија на определбите да се создаде објект кој гледа кон иднината и при тоа ја обединува и световната и религиозната употреба на истиот од заедницата при што се вклучува природниот пејсаж и се намалува влијанието врз животната средина.

Проектот вклучува светилиште, библитека, капели, повеќенаменски хол и јавно фоаје со ново пејсажно обработена парцела.  Во основа објектот е организиран како низа од ортогоналнни павиљони меѓусебно поврзани со манастирска колонада која гледа на централната дворна градина со што го одсликува својот мирен и едноставен дизајн.  Објект е инспириран од Златното светилиште на Сиките во Амристар и вклучува квадратен план со влезови од сите четири страни, а преку кои се симболизира отвореноста кон посетителите од сите вери и сите делови на светот.  Целиот објекет е изграден со дрвена рамовска конструкција, со тула од глина и варов малтер со креда, а со што се создава хармонична и само-завршно обработена палета на тонови коишто ја прифаќаат спиритуалната поврзаност со пејсажот во опкружувањето.

Одржливоста е во основата на проектот, со комбинација на примарем фокус на обвивката на објектот, во фабрика произведена носива рамка од инженерско дрво, и примена на топлинска пумпа од почвата, а која се снабдува со електрична енергија од соларни панели за производство на електрична енергија.  Како резултат на ова објектот ги надминува Градежните прописи и функционира како јагленородно неутрален преку што ја искажува определбата за долгорочна одржливост на иститот.

Од тука, во времето на климатски предизвици, императивот да се усвои одржливата пракса во архитектурата никогаш не бил по значаен, и овој проект ја вклучува одржливста и служи како инспиративно сведоштво за можностите и одговорностите коишто произлегуваат од одржливото проектирање на објекти.  Реализацијата одпочнала со воспоставување на амбиционзи опередлби за ниска потрошувачка на енергија и вградување на обновливи извори на енергија.  Транзицијата од закопани резервоари за гас коишто ги снабдувале котлите на гас до производство на енергија во рамките на парцелата, предсатвувале клучно поместување кон одржливоста, придружени од сопфатна стратегија за инсталацијата и преработна на отпадот.

Клучна за енергетската ефикасност на проектот била стратегија за инсталации базирана на принципите за пасивно прокетирање.  Инвестираното во обвивкта на објектот, изолација и воздухонепропусливоста ги надминуваат барањата на Градежните прописи, укажувајќи на определбата  за намалување на потрошувачката на енергија во рамките на изворот на истата.  Примената на системот за третман на отпадните води во рамките на парцелата дава нов слој на одржливост и обезбедува самостојно решение за прочистување на канализацијата пред да биде испуштена во рамките на пејсажното решение.

Руралната локација и ограничениот пристап кон електрична енергија промовирале истражување во ниско енергетски иновации во доменот на пасивното прокетирање.  Меѓу овие се истакнува алтернативниот, по одржлив систем за климатизација.  Под основниот под се наоѓа систем за вентилација кој влече топол воздух од подземен лавирин укажувајќи на можностите за обмислена интеграција на техники за пасивно ладење.  Автоматизирани брисоле на фасадата во комбинација со ниско емисивното застаклување дополонително придонесуваат  за успешноста на проектот во одржувањето на пријатен внатрешен амбиент без зависност од традиционалните системи за климатизација.  Соларните панели за прозиводство на електрична енергија ја напојуваат пумпата за топлина од почвата преку што ги задоволуваат сите потреби за подно греење во објектот.  Објектот функционира како јагленороно неутрален и ги надминува Градежните прописи за заштеда на енергија.

За пофалба е инвестицијата на нарачателот во зелена енергија и пасивни решенија заедно со соработката за спрцијализиараните инженери за одржливост преку коишто овој проект се јавува како предводник во изградбата на одржливи религиозни објекти.  Аналитичкото моделирање со градежните инженери ја препознало супериорната одржливост на носивата рамка од инженерско дрво во споредба со традиционалниот избор како на пример челична конструкција или пак носива масивна конструкција.  Ваквиот пристап не само што го намалува вграденото ниво на јагленороден диоксид во носивата конструкција туку и ја има елиминарно потребата од дополниелни материјали за завршна обработка и за дотур н материјали до градилиштето.  Фабричката изработка на носивата констукција со примена на инженерско дрво дополнително го има намалено отпадот и ја има истакнато определбата за одговорна пракса во градењето.

Пристапноста е главен фокус на проектот со непречен и рамноправен пристап во рамките на објектот и низ реорганизираниот пејсаж на парцелата.  Консултант за вклучителен пристап работел со проектантскиот тим за да се обезбеди универзален пристап, и пејажното уредување да ги вклучува регенеративните приниципи преку одстрануавње на асфалтниот пристапен пат и давајќи предимство на пешаците.  Интегацијата на пејсажот, примената на природното светло, вниманието кон деталот, како на пример триаголните жардињери околу Монашката патека го даваат својот придонес кон хармоничните односи помеѓу објектот и своето опкружување.

Импактот на проектот се шири надвор од границите на објектот, преку промовирањето на кохезијата во рамките на заедницата и социјалните односи.  Пратиципаторните работилници за проектирање, посегнувањето кон заеднцата, и редовните печатени билтени ја вклучувале локалната заедница низ сите фази на проектот.  Како резултат на ова светилишниот комплекс е одраз на спиритуалнните вредности на Вајт Игл Лоџ, и нуди прекрасни простори за медитација, учење и вклучување на заедницата.

За Националното жири „За Вајт Игл Лоџ, Новиот  светилишен комплекс, се јавува како модел на исклучителен дизајн, одржливост, и вклученост на заеднцата, кој заслужува признание за својот исклучителен придонес кон архитектирана и заедницата на којашто и служи.“  Доплнително „Новиот комплекс на светилиштето има прифатено прогресивно размислување, нето нула јагленороден пристап, подржан со природна вентилација и природо осветлување вградени во ресурнсо ефикасна инженерска дрвена конструкција.  Овој проект се истакнува преку укажувањето на како ниско јагленороден, едноставен, дизајн со импакт може да ја поврзе успешно одржливоста и архитектурата.  Многу вреден добитник.“

Проектите, добитници на овогодишните Цивик Траст Награди укажуваат не само на трендовите коишто преовладуваат во светот туку и на определби во рамките на изградената средина, а како одговор на климатските промени коишто се повеќе се видливи и се почесто не засегаат.  Во нашиот локален контекст веројатно само можеме да се прашаме дали овие неопходни определби предоцна ќе отпочнеме да ги прифаќаме и применуваме во пракса.  При ова сево ова важи не само за проектантите и градежниците, туку уште повеќе за инвеститорите и органите на власта.

Испрати коментар

Scroll To Top