Насловна / Архитектура / Новото седиште на Институтот Discovery Partners, дел од Универзитетот Илиноис во Чикаго

Новото седиште на Институтот Discovery Partners, дел од Универзитетот Илиноис во Чикаго

Архитектонските фирми ОМА – на чело со партнерот Шохеи Шигемацу – и Jacobs го претставија проектот за новото седиште на Институтот Discovery Partners  (DPI), дел од системот на Универзитетот Илиноис во Чикаго.

1_resize

Планирано е зградата да ја зацврсне новата иновативна област долж реката Чикаго, во јавноста претставена како 78. кварт на најнаселениот американски град по Њујорк и Лос Анџелес.

2_resize

Интердисциплинарна интеракција и експериментирање

Осумкатницата ќе обезбеди околу 19.000 квадратни метри канцеларии, училници, лаборатории и простор за настани за DPI и неговите универзитетски и индустриски партнери.

3_resize

„ DPI негува можности за истражување, учење и иновации во различни заедници, барајќи архитектура која се прилагодува на континуираниот раст на нејзините програми. Сакавме да обезбедиме зграда која негува интердисциплинарна интеракција и експериментирање“, изјави Шигемацу за ArchDaily.

4_resize

„Програмите се организираат за да се максимизира ефикасноста и потенцијалот за поврзување, а различните распореди се конфигурирани околу централна зона на колизија. Меката, транспарентна форма и јавното приземје нудат отворена покана до заедницата да влезе во зградата и нејзината мрежа“, додаде партнерот во ОМА.

5_resize

Зградата е проектирана на повеќенасочен начин, непристрасна кон која било одредена насока, за да создаде силни врски со сите околни населби, да ги ангажира заедниците од сите страни и да се отвори кон реката Чикаго.

6_resize

Дарежлив атриум како врска помеѓу сите простори

Влезот во зградата од улицата 15 ќе биде означен со скулптура на Ричард Хант, додека приземјето е проектирано како заеднички простор за јавноста, заедно со кафуле, аудиториум, изложбени и мултифункционални простори.

8_resize

Главните катови се поделени помеѓу компјутерски лаборатории, училници, експериментални лаборатории и канцеларии. Центарот на зградата е посветен на дарежлив атриум кој создава визуелни и функционални врски помеѓу сите простори.

9_resize

Проектантскиот тим го сфатил ова како можност да создаде простори каде што научниците, студентите, професорите, претприемачите и професионалците од индустријата можат да соработуваат и да ги создаваат работите заедно.

7_resize

Прва зграда во новата област за иновации

На последниот кат има простор за настани опкружен со тераса со поглед на градот и околниот кварт.

Се очекува реализацијата да започне во 2024 година, а институтот да биде првата зграда што ќе започне да се гради во „The 78“ – областа за иновации во Чикаго.

Проектантскиот тим на DPIосочинуваат архитектонската фирма Jacobs и канцеларијата на ОМА во Њујорк, предводена од Шигемацу со соработниците Кристи Ченг и Џејк Форстер.

10_resize

Испрати коментар

Scroll To Top