Иако не се квалификуваше на последното Европско првенство во Франција, Словенија продолжува со вложување во промоција на фудбалот.
Проектното биро „Arhitektura Krušec“го потпишува проектот на новото седиште на Фудбалскиот сојуз на Словенија во околината на Крањ, кое се простира на 1.220 квадрати, изведен во периодот од 2014-2016 год. Новата зграда изградена на место од старата која е отстранета предходно, се наоѓа во просторот како автономен волумен чија белина јасно ја повлекува границата меѓу вековното дело на природата и делото на човечката рака. Основната смерница на архитектурата и дизајнот на објектот е врската со околниот крајолик- брдовитото подножје на Алпите. Зградата со „U“ основа, од едната страна е свртена кон спортските терени, а од другата кон шумата, каде што се наоѓаат и најатрактивните простори на центарот.
Центарот на ротација на хоризонталните содржини по спратовите е стаклениот атриум со доминација на три дрвца , што е и главна атракција на влезот во објектот.
Вертикалите соvirendel носачи, со висина од три метри, се поставени така што со својата поставеност потсетуваат на распоредот на стеблата во шумата. Од овој распоред и распоредот на прозорците, настанала фасада која одлично се вклопува во околината. Зградата е организирана како некоја врста на опсерваторија на природата.
Ентериерот е реализиран претежно во бела боја со дрвени детали и црни тела за осветлување кои внесуваат динамика во просторот.
За некои проекти едноставно не се потребни многу зборови а да се опише функцијата и особено архитектурата. Од нив просто блика АРХИТЕКТУРА ЗА ЧОВЕКОТ. Овој изведен објект е токму тоа. Да посакаш да си во секој момент врзан со најубавата и најважната спредна работа во светот – ФУДБАЛОТ.