Еден од водечките производители на вакцини против коронавирусот, Фајзер, ќе го добие своето ново претставништво во Њујорк, во зграда висока дури 314 метри.
Познатата архитектонска фирма BIG стои зад проектот на новата супервисока зграда во Њујорк, наречена The Spiral, која е во фаза на изградба, а за која се планира да се отвори во 2022 година. Според презентираните рендери, зградата ќе се карактеризира со скалирана форма, со уредени зелени тераси.
Кулата со 65 ката зафаќа цел градски блок во областа Хадсон Јард на Менхетен, каде што паркот Хај Лајн се среќава со паркот Бела Абзуг.
Со својата висина од 314 метри, The Spiral во моментов е 13 највисока зграда во Њујорк, веднаш зад познатата зграда на „Крајслер“. BIG ја дизајнирале зградата со идеја секој кат да има пристап до уредени надворешни простори, истовремено почитувајќи ја формата и дизајнот што соодветно се вклопуваат во изградената средина.
“The Spiral ја комбинира класичната цик-цак силуета на облакодер, со тенки пропорции и ефикасни слоеви на модерна катна зграда“, изјавуваат од BIG за Dezeen.
Во моментот кога е инсталирана последната челична греда, на 27 јануари, инвестициската фирма Tishman Speyer објави дека половина од канцеларискиот простор ќе биде ставен во функција.
Фајзер, американска биофармацевтска компанија која разви една од вакцините против Covid-19, ќе го заземе 14-тиот кат во зградата The Spiral, каде што ќе ги постави своите нови седишта.
Како што е познато засега, адвокатската канцеларија Debevoise & Plimpton и фирмата AllianceBernsteinАлијансБернштајн, исто така, ќе имаат свој канцелариски простор во зградата.
314-метарската кула нуди различни видови канцелариски простор, вклучително и индивидуални апартмани, како и пристап до удобности за идните станари или сопственици во форма на корпоративни салони, простории за состаноци и фини простории за јадење.
“The Spiral е идеален заеднички работен простор, сега поважен од кога било, комбинирајќи одржлив дизајн со зголеменото ниво на услуга што го нуди просторот“, рече Роб Спејер.