Британскиот уметник Banksy им оддаде признание на здравствените работници со ново дело во општата болница во Саутемптон.
Платното, чија фотографија е објавена на неговиот Instagram профил, поставено е како признание на вработените во таа болница за борбата против коронавирусот.
На сликата е прикажано мало момче како клечи покрај канта за отпадоци. Тој своите херои, Бетмен и Спајдермен, ги отфрлил во кантата и ги заменил со нов суперхерој – медицинска сестра. Како и Бетмен и сетрата има испружена рака и носи маска на лице, капа и кецела со знак на црвен крст, кој е единствен елемент во боја на црно-белото платно.
Уметникот со платното оставил и порака на болницата во која пишува:„Балаодарам за се што правите. Се надевам дека малку ќе го разведри просторот, иако е црно-бело“.
Платното до есен ќе остане во болницата, потоа ќе биде понудено на аукција, а парите од продажбата ќе бидат уплатени во британскиот здравствен фонд.