Насловна /
Вести /
Новоотворен шопинг мол во Мексико Сити се сруши поради конструктивна грешка
Автор: Даниела Младеновска
Категорија: Вести, Градежништво
07/08/2018
1406 Прегледи
Новоотворен шопинг мол во Мексико Сити се сруши поради конструктивна грешка
Изградбата на овој мол ја прателе низа контроверзи уште од самиот почеток. Бил изграден во близина на базен за собирање на дождовница, а од друга страна јавното мислење било против проектот бидејќи зафаќал важен јавен простор. Надлежните сега ги испитуваат причините за колапсот, а неофицијално меѓу причините за несреќата се споменуваат и неповолните механички свсјтва на тлото во областа. Мексико Сити веќе има репутација по однос на неквалитетна градба на релативно неповолно подрачје за градење, не само по однос на геомеханиката, туку особено поради фактот што се работи за подрачје подложно на земјотреси. Сепак, инвеститорите во потрага по брза заработувачка, не се осврнуваат многу на овие проблем, а очигледно затаиле и контролите.
2018-08-07