Шестметарска висока елка, направена од 3.600 посебно пресечени картони. Оваа креација на дизајнерот Giles Miller е изложена во атриумскиот дел на Музејот за дизајн во Лондон.
Рачна изработка на стаклени лампиони, во чија внатрешност се поставени ливчиња хартија со принтани музички ноти.
Лампионичиња изработени од лушпи од кикиритки, обоени и декорирани во форма на новогодишните ликови.
Рачна изработка на новогодишна елка од дрвени трупци закачени за ѕид и украсени со лампиони и сијалички по цела висина.
Креативна рачна изработка на новогодишна елка, изработена од виткана метална жица, која претставува скулптура во просторот, а воедно и го заштедува сечиј буџет. Покрај елката во прилог ви претставуваме и рачно изработени висечки венчиња.
Оригиналната дизајнирана елка е од Lawrence “Bud” Stoecker во средината на 1960 год., а сега неговиот внук Matthew Bliss ja враќа повторно во живот. Оваа модерна елка е направена од концентрични акилни кругови и декорирана со висечки кристали и лампиони. Елката виси од плафонот и е осветлена од подножјето, проектирајќи неверојатни сенки и рефлексии низ просторијата.