Насловна / Арт и дизајн / Новогодишни честитки инспирирани од македонската архитектура

Новогодишни честитки инспирирани од македонската архитектура

Новогодишната колекција на честитки на архитектката Тијана Стојковска  претставуваат илустрации кои се инспирирани од македонската архитектура каде објектите се поставени во зимски амбиент. Тијана Стојковска  изминативе години креирала различни колажи и илустрации кои се реинтерпретација на македонската архитектура, начинот на кој таа ја доживува во комбинација со надреални елементи.

Универзитет Св. Кирил и Методиј – Скопје/Марко Мушич (1970-1974)

„Ваквите колажи беа изложени на мојата прва самостојна изложба ‘Поинакви архитектонски доживувања’ која се одржа минатата година, во галеријата Pioneri art platform. Целта ми е преку креативен начин да поттикнам интерес кон тоа што го имаме како богато архитектонско наследство, а за жал не го вреднуваме доволно.

Скопски саем – Скопје / Славко Ѓуриќ, Благоја Мицевски (1970 – 2018)

Предмет на интерес не ми се само објектите од Скопје, туку од целата земја, најмногу од причина што јас сум по потекло од Куманово, но свесни сме дека најголемото изобилство на вредни примери од архитектурата има во Скопје. Токму затоа и архитектурата во Скопје е најзастапена во моите дела.

Архив на град Скопје / Георги Константиновски (1967)

Во претстојниот период се надевам дека ќе успеам да создадам нешто ново со фокус на традиционалната и еклектична архитектура, карактеристична за сите градови во Македонија, па којзнае можеби и уште некоја мала изложба“, вели Стојковска за CRNOBELO.com.

Станбен објект на ул. „Орце Николов” – Скопје / Лудјек Кубеш (1952-1954)

Стара железничка станица – Скопје/Велимир Гавриловиќ (193-1940)

Дом на култура – Куманово (1980)

Бензинска пумпа – Охрид / Ѓорѓи Голев (1972-73)

„Порта Влае“, Скопје/Јован Поп Трајков, Димитар Димитров, Росанда Минчева, Симеон Апостолски (1983)

Градски ѕид, Скопје,кула тип-М/А.Серафимовски, Р.Минчева, В.Ладинска, С.ЃуриЌ, С.Димитров (1966)

Испрати коментар

Scroll To Top