Насловна / Архитектура / Новоформираната невладина организација УРБ – АРХ – Скопје

Новоформираната невладина организација УРБ – АРХ – Скопје

Во дејствувањето на граѓанскиот сектор во нашето општество, во областа на архитектурата и урбанизмот, започна со работа нова невладина организација. На 26.11.2024 година, се одржа промоција на Организацијата за развој, заштита и промоција на урбанизмот, архитектурата и културното наследство УРБ – АРХ – Скопје,  во Младинскиот Културен Центар во Скопје.

Организацијата е основана од група професионалци и истражувачи кои го делат интересот за унапредување на урбанизмот, архитектурата и заштитата на културното наследство. Нејзините цели вклучуваат поттикнување на соработката помеѓу жителите во населбите, професионалците и институциите; промовирање на иновативни проекти и иницијативи, како и обезбедување поддршка за младите архитекти и урбанисти.

Вечерта на промоцијата се обратија проф. д-р Александра Ступар и проф. д-р Мирјана Деветаковиќ Радојевиќ од Архитектонскиот факултет при Универзитетот во Белград, како и д-р Дамјан Балкоски. Се истакна важноста на интеграцијата на урбанизмот и архитектурата со културното наследство, како и улогата на иновациите во создавањето одржливи заедници и се истакна потребата од младинска енергија и визија во креирањето на подобра урбана иднина.

Основна цел на Организација УРБ-АРХ – Скопје е: заштита, развој, унапредување и промовирање на урбанизмот, архитектурата и  културното наследство, какo и заштита на животната средина во РСМ, Балканските простори, а во соработка со меѓународни здруженија и организации и урбанистичките и архитектонски вредности во европските и светски простори.

Активностите на Организацијата УРБ-АРХ – Скопје ќе бидат насочени за:

  1. Организирање јавни трибини при подготвување на закони и други прописи за конкретните области на дејствување
  2. Чување и одржување на определени работи од значење на недвижно културно наследство во државна сопственост согласно определен закон
  3. Организирање јавни и стручни расправи за донесување на закони и прописи
  4. Консултантски услуги при одлучување и решавање на конкретни задачи од карактеристичните области
  5. Анализи и презентирање на урбанистички и архитектонски проекти и примена на нови технологии
  6. Вклучување во следење и анализирање на примената на националните и релевантните меѓународни прописи од областа
  7. Развивање на нови методологии и механизми за развој и унапредување на системите
  8. Реализирање проекти од национален интерес за унапредување на урбаниот развој, архитектурата,  заштитата на културното наследство и заштита на животната средина
  9. Обезбедување материјални, финансиски и правни услови за работа на здружението
  10. Организирање и спроведување на обуки за развој на капацитетите на здружението
  11. Одржување на практични работилници, настани, како и теориски истражувања на концептот создавање места (placemaking).

Членови на управниот одбор на здружението УРБ-АРХ – Скопје се: д-р Дамјан Балкоски, д.и.а., д-р. Ванѓел Дуновски, д.и.а.,  д-р. Мирјана Деветаковиќ Радојевиќ, д.и.а., Александра Новаковска, дипл. правник и Ангел Златановски, д.и.а.

МИСИЈАТА на УРБ-АРХ е:

Унапредување, заштита и промоција на урбаниот развој, архитектонските вредности и културното наследство, создавајќи одрживи и иновативни простори за идните генерации. Низ образованието, соработката и истражувањето, ја поттикнуваме јавната свест за значението на урбанизмот, архитектурата и културното наследствоза создавање на подобри заедници.

Додека ВИЗИЈАТА е:

Да се учествува во градење на простори во кој градовите и населбите го почитуваат минатото, се насочуваат кон одржива иднина овозможувајќи хармонично и квалитетно живеење. Создавање на  заедница која ги препознава вредноста на културното наследство, ги следат современите архитектонски практики и создаваат инклузивни, функционални и естетски богати урбани простори.

Основа на целите и дејствувањето на УРБ-АРХ е Националната Развојна Стратегија за приоритетите на државата и општеството за обезбедување на инклузивен, зелен и одржив развој. Во тој контекст е и предизвикот од сегашната состојба на ниското ниво на средства што се издвојуваат за истражување и развој во Македонија 0,4 отсто, а во ЕУ 2,3 отсто, како и потребата од итни промени и сериозно инвестирање во истражувањето и развојот, како витални активности во градењето на општеството.

Целите ќе бидат насочени кон:

  1. Одржлив урбан развој
  • Промовирање на одрживи урбанистички планови и концепти кои ја штитат животната средина и го унапредуваат квалитетот на живеење
  • Пружање подршка во имплементација на одрживи урбанистички прописи, архитектонско-градежни стандарди, енергетски ефикасни и еколошки прифатливи решенија.
  • Рамномерен регионален развој
  1. Промоција на концептот “создавање места” (placemaking)
  • Одржување на практични работилници, настани, како и теориски истражувања за изучување на концептот „создавање места” (placemaking),
  • Соработка за практична примена на концептот „создавање места” во урбаните средини, како проекти со општините
  1. Подржување на иновативна архитектура и дизајн
  • Поттикнување на млади урбанисти и архитекти за иновативни проекти низ конкурси и проекти со државни и локални институции
  • Организација на изложби, предавања и публикации кои ја промовираат современата архитектонска пракса во содејство со уметноста и со културното наследство.
  • Промовирање на воведување на нови технологии и ВИ во урбанизмот и архитектурата
  1. Заштита на културното наследство
  • Идентификација и документирање на вредни урбанистички и архитектонски објекти и композиции
  • Иницијативи за заштита на загрозени објекти, споменици и комплекси од културно значење
  • Соработка со централни, локални и меѓународни организации за подигнување на јавната свест за значението на кутурното наследство
  1. Јакнење на локалните заедници
  • Организирање на работилници, семинари и јавни собири за да се зголелеми јавната свест за вредностите на урбанизмот, архитектурата и културното наследство.
  • Вклучување на локалната заедница и граѓаните во процесите на планирање и одлучување во однос на развојот на урбаните средини.
  • Одржлив локален и рурален развој
  1. Соработка со владини и јавни институции
  • Активно учество на јавни настани организирани од владините институции кои се однесуваат на урбаниот развој и зачувување на културното наследство.
  • Соработка со централните власти и учествување при изработка на закони во областа на урбанизмот, градењето, заштита на културното на следство и заштита на животната средина.
  1. Меѓународна соработка
  • Поврзување со меѓународните организации со размена на знаења и искуства во конкретните области на дејствување.
  • Учество во регионални и глобални иницијативи за промовирање на урбаниот развој и зачувување на културното наследство.
  • Подршка на евроинтегративните процеси за членство во ЕУ

Воспоставувањето значаен дијалог и соработка меѓу Владата и граѓанските организации во создавањето на поволно опкружување за развој на активно граѓанско општество е важен предуслов за постигнување на рамномерен регионален развој во државата и подигнување на квалитетот на развојните перформанси на економијата и иновативноста за одржливост на општеството.

УРБ-АРХ претставува можност за соработка, креативност и промоција на иновации во областите на архитектурата и урбанизмот, промоција на културното наследство и ќе иницира заеднички соработки во нашата држава и во соседните земји со цел одржлив урбан развој на градовите и регионите.

Автор: д-р Дамјан БАЛКОСКИ, дипл.инж.арх.

Испрати коментар

Scroll To Top