Во рамки на проектот на Владата на Република Македонија и Агенцијата за млади и спорт за изградба на 100 повеќенаменски спортски игралишта, во Ратае, општина Јегуновце, пуштен е во употреба нов спортски објект.
Градоначалникот на општина Јегуновце Тони Коцески истакна дека овој спортски објект ќе биде можност за едукација, спортување и рекреација на младите и сите други жители на Ратае и општината.
„Наместо неуредена полјана сега имаме капитален спорстки објект што е гордост на нашата општина. Општина Јегуновце отсекогаш била расадник на таленти и од неа произлегле големи спортски имиња и се надевам дека многу наши деца првите чекори во спортот во обидот да станат врвни спортисти ќе ги почнат од ова игралиште“, изјави градоначалникот на општина Јегуновце Тони Коцески.