Петнаесет студенти по архитектура, искусни архитекти и дизајнери од Европа до крајот на овој месец ќе работат на новото решение за струшкиот плоштад и на центарот на градот.
Ова е дел од проектот „Градот никогаш не спие“ што го реализира асоцијацијата „Креативни и активни“ со поддршка на холандскиот фонд за развој „Принц Клаус“, а во соработка со струшката општина.
Во креирањето на новите урбани решенија за строгото централно градско подрачје ќе бидат вклучени и граѓаните.