Насловна / Вести / Ново поглавје за ГЕИНГ КуК во Штип

Ново поглавје за ГЕИНГ КуК во Штип

Новото поглавје во работењето на ГЕИНГ Кребс унд Кифер е обележано со чинот на отворањето на регионалната канцеларија во Штип, кое се одржа на 11 ноември 2015 година, во пријателска и релаксирана атмосфера, во присуство на голем број гости, пријатели, соработници, претставници на институции и вработени.Otvaranje-RK-Stip-@-Porta-3-1

Со ова компанијата ја оствари својата цел да се доближи до пазарот и да ги задоволи растечките барања на клиентите. Штип и источна Македонија веќе ја имаат можноста да бидат поблиску до услугите на ГЕИНГ Кребс унд Кифер, до широкиот спектар на експертизи, до напредно проектирање со имплементација на најсовремени методи и технологии, како и со примена на најсовремените градежни материјали, да ги надминат проблемите и предизвиците за кои класичното проектирање нема решение. Тимот од повеќе од 150 високостручни инженери, секој експерт во својата област, стои на услуга со своето знаење и искуство во решавањето на разновидните и комплексни состојби и предизвици.

 

Почетоците и генерирањето на експертизи

ГЕИНГ како компанија е основана во 1994 година, кога започна со реализaција на проекти од областа на геомеханиката. Првите успешно реализирани проекти, го отворија патот за проширување на портфолиото на ГЕИНГ. Низ годините, стручноста, богатото искуство и знаење кое го поседуваат нашите инженери, му овозможија на ГЕИНГ денес да испорачува комплетни инженеринг услуги за проектирање, надзор, ревизија и консултантство, во 10 области и повеќе од 60 експертизи. Освен во геотехниката, денес дејствува и во следниве области: хидротехника, патишта и железници, енергетика, рударство, животна средина, архитектура, урбанизам и енергетска ефикасност, геодезија и лабораторија.Otvaranje-RK-Stip-@-Porta-3-2

ИМС, лабораторија и опрема

ГЕИНГ Кребс унд Кифер како компанија ги презеде сите неопходни мерки за да им испорача на своите клиенти најдобри решенија, олеснувајќи го повратот на инвестициите.       Континуирано се стреми за усогласеност со законските прописи, компатибилност на домашните со европските и меѓународните стандарди, почитување на меѓународните принципи на работење, и спроведување на правилата и најдобрите практики во струката и услугите.

Стремежот за квалитетно работење го реализираше преку успешно имплементирање на Интегриран менаџмент систем на меѓународни стандарди. Во 2003 година се случи имплементацијата на стандардот за управување со квалитет ISO 9001, потоа следеа сертификациите за управување со систем за Животна средина ISO 14001, и Заштита и безбедност при работа OHSAS 18001.

Во 2011 година, се акредитираше Лабораторијата „ГЕИНГ КуК“ со меѓународниот стандард ISO 17025, со што се реализираше целта за оформување на модерна и современа лабораторија за испитувања за геомеханика, градежни материјали и животна средина по меѓународни стандарди.

ГЕИНГ Кребс унд Кифер ги поседува сите потребни лиценци за проектирање, ревизија и надзор при инвестициски градежни проекти во Република Македонија, како и сите потребни овластувања за изработка на документации и проекти. Континуирано инвестира и во опрема за истражно дупчење, геодезија и изведба на бунари, мерење на енергетска ефикасност. Воведе употреба на современи решенија и материјали, проектирање со употреба на геосинтетици, геомембрани, габиони.

ГЕИНГ нуди комплетни инженеринг решенија во доменот на подобрување на тлото, решенија за заштита и одводнување на градежни јами, потпорни ѕидови, истражни дупнатини и бунари, проектирање на темелни конструкции, како и решенија за стабилност на косини и насипи, санација на свлечишта.Otvaranje-RK-Stip-@-Porta-3-3

Организациона структура, вработени

Работењето на ГЕИНГ го поддржува организациска структура која како систем е составена од пет сектори, 18 одделенија и девет служби, со главно седиште во Скопје. Во 1994 година се стартуваше со еден вработен, во 2004 година, на својот 10-ти роденден ГЕИНГ имаше 49 вработени. Денес, вкупниот број на вработени изнесува повеќе од 330.

Во матрицата на ГЕИНГ, покрај стручноста, главни стожери на кои се темели функционирањето на сите претходно наведени ресурси се: квалитетот, професионалноста, иновацијата во услугите и решенијата за клиентите, посветеноста, објективноста, општествената одговорност и довербата, континуираното инвестирање во знаење и вештини, примената на стручноста и искуството, и почитувањето на вистинските вредности.

Ова се носечките стожери на филозофијата на постоење и работење, кои успешно ја докажуваат својата вредност повеќе од 21 година. Сите овие вредности, целото искуство и стручност, ГЕИНГ ќе продолжи и во иднина да го споделува со своите клиенти, испорачувајќи комплетни услуги со кои ќе се олесни и унапреди животот и работењето на луѓето и компаниите во Штип и регионот.

Испрати коментар

Scroll To Top