Насловна / Вести / Ново основно училиште во Капиштец во 2016

Ново основно училиште во Капиштец во 2016

Следната година општина Центар ќе располага со речиси 25 милиони евра буџет. Од него, околу 10 милиони евра се предвидени за капитални инвестиции. Ова го предвидува нацрт-буџетот за кој расправаше општинскиот Совет.ново училиште во капиштец2

Значителен дел од средствата ќе бидат искористени за изградба на ново основно училиште во Капиштец, што беше проект ветен од градоначалникот Андреј Жерновски. Во кроењето на општинската каса за 2016 година, покрај Жерновски и членовите на Советот, учествувале и граѓаните преку Граѓанскиот буџетски форум на кој давале свои предлози, идеи и сугестии како да се трошат буџетските пари наредната година.ново училиште во капиштец

– Градежното земјиште го добивме и училиштето ќе почне да се гради.

До година ќе се менува фасадната столарија и ќе се прават енергетско-ефикасни фасади во училиштата „Димитар Миладинов“, „Кирил и Методиј“ и „Кочо Рацин“. Ќе се реконструира инфраструктурата во градскиот кварт Маџир Маало, локалитетите Долно Водно и Тасино Чешмиче.

Од Буџетот на Општината ќе се градат и реконструираат коловози и тротоари на локалитетот Пресвета Богородица, а ќе продолжи реконструкцијата на улицата „Ленинова“.

Испрати коментар

Scroll To Top