Добро познатиот скандинавски стил на минимализмот во уредувањето на ентериери стана популарен на глобално ниво, а се чини дека многумина и натаму ќе го претпочитаат во своите домови или работни места.
Покрај тоа, се повеќе се зборува за тоа дека како потрошувачко општество се повеќе купуваме работи кои никогаш не ги користиме, и кои остануваат дома и собираат прашина.
Архитекти од фирмата Jac Studios целосно се оддалечени од таквата филозофија и отишле во друга крајност. Во неодамна претставениот стан проект Sturlasgade apartment лоциран во квартот Islands Brygge Острови во Копенхаген, тие ја претставија својата визија за современ дом без какви било непотребни детали.
Во ентериерот доминира бела боја, со црни и сиви детали, а просторот не е целосно ладен и формален, туку содржи и неколку зелени растенија. Станот е изграден по принципот на отворен простор, и иако дефинитивно не е за секого, не може да се негира дека изгледа многу интересно.