Во Ново Лисиче, во близина на последната постојка на автобусот број 5, кај новозиградениот парк – купишта ѓубре. Граѓаните од околните згради веќе реагираат до надлежните, но засега нема активности за решавање на проблемот.
Дали и овој простор полека се претвора во дива депонија? Судејќи по фотографиите, голема е веројатноста за таква разврска.