Познатиот јапонски производител на ладилна и климатизациона опрема Daikin разви ново ладилно средство за примена во системите за климатизација на електрични возила. Новото ладилно средство засега има назив D1V140 и всушност претставува смеса од R 1234yf и R 1132(E) во сооднос 77% : 23%. Се смета дека со примената на новото ладилно средство ќе се намали потроѓувачката на енергија за погон на системите за климатизација во возилата, што значи дека електричната енергија од батериите ќе биде на располагање за погон на возилата, односно дека поради климатизацијата нема да дојде до намалување на дометот на возилата. Новото ладило средство, е исто така и еколошко, и според податоците на Daikin, вредноста на неговиот потенцијал на глобално затоплување (GWP) е помала од 1. И D1V140 и неговата состојка R 12232(E), со оглед на запаливоста и токсичноста се вбројуваат во групата A2L (запаливи се, но малку, а исто така се и неотровни) и за нив уште во мај е поднесено барање за регистрација при Американското здружение за греење, ладење и климатизација (ASHRAE). Покрај тоа, Dakin за R 1132(E) пријавил неколку патенти (за производство и примена во смесите на ладилните средства).