Иако многу објекти на Заха Хадид станаа икони на современата архитектура, во творечкиот опус на покојната архитектица, постои многу повеќе од нејзините најпознати згради. Авторот Philip Jodidio, познат по монографии на архитектите Tadao Ando, Shigeru Ban и Santiago Calatravа, ја истражува револуционерната кариера на Заха во книгата Zaha Hadid. Complete Works 1979–Today, која ја издаде Taschen.
Обновеното издание, објавено прв пат во 2009. година, ја сублимира архитектурата и работата на нејизната компанија изминатите 41. години, почнувајќи од нејзиниот нереализиран дизајн за резиденцијата на ирскиот премиер во Phoenix Park во Даблин. Заха Хадид почина во март 2016. година, но „Zaha Hadid Architects“ продолжува да реализира нови проекти, држејќи се до патот кој го проби Заха. Архитектонските дела кои се изведуваат во моментов, вклучувајќи ги Mandarin Oriental во Мелбурн и московскиот Сбербанк Технопарк, исто така се составен дел на книгата.
Книгата ја открива архитектонската работа, наградена со оскар во архитектурата – Прицкер, а покрај фотографии во книгата можат да се видат слики и цртежи, кои сами по себе се уметнички дела, кои Заха ги создавала за да ги претстави и изрази своите храбри идеи. Архитектонските фотографии докажуваат дека таа успела своите идеи и да ги реализира.
Книгата може да се купи онлајн, нејзината цена е 50 евра. Да се потсетиме на некои од незаборавните проекти претставени во книгата на Taschen.
The Galaxy Soho, Пекинг
The Guangzhou Opera House
Музеј, MAXXI, Рим
Научен центар, Phaeno; Wolfsburg, Германија
The Heydar Aliyev, Културен центар, Баку, Азарбејџан
Aquatics Centre, Лонцон за Олимписки игри 2012
Broad Art Museum, MIT
Maggie Centre; Kirkcaldy, Шкотска
CMA/CGA Office Tower, Марсеј, Франција
Мост „Шех Заид“, Абу Даби, ОАЕ
Павилјон во Сарагоса, Шпанија
Станица во Инсбрук, Австрија
BMW фабрика, Лајпциг, Германија
Музеј на транспорт во Гласгов
Скулптура „Twirl“ во Милан0
Пристанишна зграда во Антверпен, Белгија
Меѓународен аеродром Daxing во Пекинг