Насловна / Вести / Ново истражување: Како се рангирани земјите според климатските политики?

Ново истражување: Како се рангирани земјите според климатските политики?

Кина, Русија и Канада во моментот водат таква климатска политика која би можела да доведе до зголемување на глобалните температури за дури 5 степени до крајот на овој век.

Ова се резултатите од новото истражување кое ги рангира климатските цели на различните земји. Студијата е објавена во стручното списание Nature Communications, и го покажува односот помеѓу националните цели за намалување на емисиите на гасови со ефект на стаклена градина, и влијанието кое ќе го имаат врз глобалното покачување на температурите. Целта на ова истражување е да ги информира учесниците на Парискиот договор и да им помогне да го остварат она на што се обврзале пред три години.

Америка и Австралија се за нијанса подобри, бидејќи би влијаеле на пораст на температурите од 4 степени. Земјите од Европската Унија, која ја носи титулата пионер во борбата против климатските промени, во моментот би придонеле за 3 степени покачување на температурите, што е двојно повеќе од целта на Парискиот договор.

Од големит економии најдобро се рангирала Индија, која ја надминува зацртаната цел за само половина степен Целзиусов. Неразвиените земји генерално помалку придонесуваат за глобалното загревање, а причината е во пониско развиената индустрија и сообраќај. Од друга страна, светските енергетски сили, како Кина, не работат доволно за ограничување на емисиите. Овде спаѓаат Саудиска Арабија која извезува нафта, Русија која извезува гас и Канада каде исто така нафтената индустрија е една од водечките во националната економија. Лобито на фосилните горива е многу силно во овие земји, а неможноста на владите да се изборат со овие моќници, доведува до драстично покачување на просечните температури. „Интересно е да се забележи како некои земји заостануваат во исполнувањето на своите цели, иако се сметани за лидери во борбата против климатските промени“ изјавил авторот на студијата du Pont, од Универзитетот во Мелбурн.

paris-Equity2

Paris-Equity3

Paris-Equity1

 

Испрати коментар

Scroll To Top