Моделот Manta Rhei од Selux е деликатна OLED светилка која постојано го менува својот изглед.
Ветувајќи ново искуство на осветлување, Selux во соработка со ART + COM го истражувале потенцијалот на OLED осветлување, претворајќи ја светлината на секојдневните потреби во живописен архитектонски и дизајнерски елемент.
Овој комплексен систем можно е да се создаде со комбинација на два облика на движење, со механичко движење на светлечко тело и со анимација на самата светлина.
Оваа софистицирана светилка која може лесно да го краси таванот во бар или ресторан, дава илузија дека лебди во својот природен ритам.
Постои широк спектар на однапред програмирани кореографии, кои можат да се избираат, за да се постигне посакуваниот ефект. Секој елемент од светилката е поставен со 10 OLED сијалици, и сите се контролирани од страна на централна единица.