Креирана за оние што живеат или сакаат да го поминуваат времето покрај вода, Waterscape платформата обезбедува неверојатно многу можности, а нејзиниот едноставен дизајн дефинитивно привлекува внимание.
Австралискиот дизајнер Alexander Lotersztain создаде платформа со едноставен изглед, која може во потполност да се вклопи во сечиј вкус, и со можност да биде укотвена за едно место или слободно да плови.
Платформата има светилки кои лесно можат да се преместуваат од едно до друго место, а таквата мобилност се однесува и на мебелот од висок дизајн.
Начините за користење, исто така, се бројни, од место за сместување на хеликоптер, до подиумот за танц!
Вложени се многу планови за да се реализира оваа платформа да остане флексибилна за време на бранувањето на водата.
Waterscape е на листата на кандидати за Good Design Australia Awards.
Оваа платформа има посебен заштитен слој кој ја заштитува од штети предизвикани од удари или гребење.
Кога паѓа ноќта, платформата има лед светилки по должината на рабовите, кои даваат суптилен отсјај, и се достапни со едноставно притискање на копче.
На дел од рабовите, исто така, има можност за додавање на места за седење, растенија, чадори, кутии со мраз, фрижидери, скали и други работи кои функционираат и како електрична опрема.