Насловна / Екологија / Ново гориво од вода и воздух?!

Ново гориво од вода и воздух?!

audi-e-diesel
Автомобилскиот гигант „Ауди“ напредува во развојот на синтетички горива, а неодамна соопшти дека почнале производство на е-дизел.

Новата фабрика, која може да произведе околу 160 литри гориво дневно, работи на „power to liquid“ принцип, а партнер на „Ауди“ во проектот е компанијата Climeworks.

Процесот е многу комплициран, а дизелот се произведува со електролиза на водата, при што како резултат  се добиваат кислород и водород. Последниот стапува во хемиска реакција со јаглеродниот диоксид на температура од 220 степени Целзиусови и при притисок од 25 бари. Како резултат на тоа, на излезот се добива течна супстанција наречена „Blue Crude“.

Германската компанија објасни дека вака добиеното гориво може без проблеми да се меша со фосилниот дизел за понатамошна употреба.

Испрати коментар

Scroll To Top