Повеќе од 4.000 години по изградбата на пирамидите од Гиза, Египет повторно планира да изгради монументална структура од овој вид.
Оваа земја сега планира да гради огромен облакодер во Шеик Зајед Сити. Во прилог на овој облакодер, кој ќе биде лоциран во срцето на областа, овој проект насловен Zayed Crystal Spark, ќе содржи и неколку други урбано-развојни проекти. Кога ќе заврши проектот, планираниот облакодер ќе биде највисоката зграда во Египет, и ќе ја надмине познатата „Каиро“ кула. Облакодерот ќе го опкружуваат државни, трговски и забавни простори. За да се финансира овој гигантски проект, креирано е приватно/јавно партнерство.
Овој град ќе „окупира“ 80.000 м2 во срцето на египетската престолнина. Најверојатно нема да биде вистински ривал на пирамидите кога ќе заврши, но секако ќе претставува спектакуларна глетка.