Додека ние се занимаваме со некои квази барокни, антички и какви ли не архитектонски стилови, кои служат за потсмев меѓу архитектонската фела, во светот се проектираат и изведуваат Вистински, современи архитектонски чуда, со користење на најсовремени технолошко-конструктивни решенија и материјали.
Последното, најново архитектонско ремек-дело, беше претставено деновиве во Париз – градот на светлината. На влезот во Булоњската шума, се отвори музејот на фондот Луj Витон, проектиран од еден од водечките светски архитекти Френк Гери.
На отворањето присуствуваа финансиерот на овој проект, милијардерот Бернар Арно, претседателот Франсоа Оланд и се разбира Френк Гери.
„Порта 3“ во својот нареден број, што излегува кон крајот на ноември, ќе го презентира проектот во Париз преку прилогот на архитект Љупка Дуковска.