Насловна / Вести / Новите технологии се одговорни за намaлување на трпението на луѓето

Новите технологии се одговорни за намaлување на трпението на луѓето

Трпението е доблест, но јасно е дека се претвора во исклучително ретка категорија во современото општество. Според едно истражување спроведено над 2.000 возрасни британци, луксузот на современиот живот го земал данокот во однос на трпението кај повеќето луѓе. Притоа, дури 3/4 од испитаниците, сметаат дека таквата состојба се должи на модерните технологии, како смартфоните, компјутерите и сл.

patience3

patence2

Анкетираните во просек губеле трпение само по 16 секунди чекање за вчитување на веб страница, и по 25 секунди чекање на семафор. Дури 38% од анкетираните губеле трпение додека го следат говорникот и водат белешки на час или состанок. Чекањето пак во редица е посебна приказна. 45% од испитаниците признаваат дека губат трпение доколку треба да чекаат во редица премногу време. На прашањето колку време според нив е „премногу“, повеќе од половината велат дека тоа е 30 секунди.

patience4

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top