Компанијата за спортска опрема Nike, лансираше нова серија од брендот Air Max 1, инспирирана од иконата на модерната архитектура „Жорж Помпиду центар“ во Париз. Со тоа им се оддава признание на архитектите Rogers и Piano, од страна на дизајнерот на новите патики Tinker Hatfield.
Токму во знакот на знаменитиот објект, патиките имаат видливи и обоени цевчиња и линии, низ целата нивна структура. Големото лого P на ѓонот од патиките е уште еден омаж за некогаш контроверзната градба отворена во 1977 година. Hatfield, кој се школувал за архитект, но завршил во поинаква професија, бил инспириран да ја создаде оваа едиција откако го посетил Центарот Бобур (Жорж Помпиду).