Со обемна реконструкција на бетонската зграда, задржувајќи ги постојните квалитети на архитектонското наследство, создаден е простор што го збогатил целото соседство.
Архитектот Марко Дабровиќ, гостувајќи на конференцијата BuildUp 2019 во Белград го претставил новиот деловен простор на 3ЛХД, чие отварање се совпадна и со прославата 25 години на ова познато биро од Загреб.
Новите канцеларии на 3ЛХД се сместени во старо кино изградено 1939. година, кое првично било наречено Грич, потоа Партизан, а после го менува името во Уранија. Последната проекција во ова кино со 840 места се случила во 2000. година, по што зградата паднала во заборав. Меѓутоа, со обемната реконструкција на бетонската зграда, со задржување на затекнатите квалитети на градителското и архитектонско наследство, создаден е простор кој го оплеменил целиот кварт.
Тоа што некогаш било руинирано кино, сега е модерен канцелариски простор со површина од 1.150 квадратни метри за 44 вработени со мултифункционална сала со 110 места, која може да се изнајми и кафе бар кој ќе се отвори во првата недела на декември.
На самиот влез во објектот, со кој доминира сива фасада со црна браварија, сместена е сала со двоспратна висина со платно за проекции, трибини и големи прозори високи седум метри кои се отвараат по потреба. Бетонскиот под во комбинација со оригиналните ѕидови од тула, како и мебелот со фурнир од бор, суптилно осветлен, му даваат на просторот потребна доза на елеганција.
Оригиналната тробродна зграда прилагодена е на новата функција. Средниот брод со висина од девет метри, преполовен е по висина, а за да се обезбеди светло во долното ниво, бочните бродови се претворени во надворешни атриуми. Во повлечениот дел засадени се растанија кои треба да се формираат, а на овој начин приземјето добило огромни стаклени површини кои обезбедуваат продор на дневна светлина.
На ова ниво организирана е администрацијата, а тука се и канцелариите на основачите на бирото. Меѓутоа, најинпресивниот дел на објектот, всушност се наоѓа на галеријата.
Галеријата е спектакуларен простор со лачен кров од бетонска ребратста конструкција. Стрелата на лакот е пресечена во ширина од 2.5 метри и е поставено стакло кое пропушта дневно светло.
Во овој убав амбиент сместено е проектантското биро со оклу 50 работни места со пријатно светло и клима обезбедена со потоплно нова HVAC опрема која го изменува воздухот така што тој е секогаш свеж и со посакувана температура.
За да се добие дополнително природно светло, формирани се прозори, кои се оддалечени три метри од границата на парцелата, односно 1.2 метри од фасадата, што било урбанистички услов. Ова озвозможило да се постават полици долж целата просторија, но и да се провлечат канали за уфрлање на свеж воздух.
Оригиналниот објект комплетно е задржан, освен влезниот дел кој е заменет со стаклен павилјон каде сега е сместен кафе барот. Конструкцијата и материјалите се изворни, па така во ентериерот доминираат тула и плафонот од ситноребраста конструкција, која е обложена со акустичен малтер.
Новите канцеларии на 3ЛХД во центарот на Загреб се вистински пример како треба да се реконструираат стари објекти и како може да им се даде нов живот за доброто не само на корисниците на просторот, туки и за целиот град. Интервенциите мораат да се правоат во духот со времето и современите градителски техники, а со почитување на архитектонското наследство се добива совршен баланс кој на сите им годи.