Насловна / Архитектура / Новите алуминиумски системи на REHAU Window Solutions сега достапни и во Македонија

Новите алуминиумски системи на REHAU Window Solutions сега достапни и во Македонија

Системите за алуминиумски прозорци и фасади на пазарот пристигнаа како дел од стратешкиот пристап на REHAU Window Solutions да биде „All in One“ партнер на нашите соработници и клиенти во Македонија.

REHAU Window Solutions го прошири портфолиото на производи за македонскиот пазар со понуда на висококвалитетни системи за алуминиумски прозорци и фасади. Пристапот на „All in One“ премиум партнерот REHAU Window Solutions овозможува во понудата да е вклучено сè што е потребно за максимална ефикасност низ целиот синџир на вредности, обезбедувајќи иновативни решенија за архитектите, изведувачите, трговците и специјалистите за монтажа.

Експертите на компанијата секогаш имаат за цел да поттикнат зајакнување и проширување на бизнисите на своите клиенти и партнери во Македонија. Затоа, REHAU Window Solutions стратешки ја проширува својата експертиза во областа на  надворешните градежни конструкции.

„Логичен следен чекор се алуминиумските системи на профили за прозорци и фасади. Тие ја надополнуваат нашата експертиза во PVC-профили со алуминиумски системи за одбрани ексклузивни пазари, како што е и Македонија. Овие системи се создадени во соработка со експертите за алуминиум од Elvial, кој е совршен партнер за овој проект. REHAU Window Solutions и Elvial претставуваат традиционални семејни бизниси со вредности и пристап, кој се карактеризира со сигурност, квалитет и желба за тесна соработка со клиентите и партнерите. Како ‘All in One’ партнер, REHAU Window Solutions секогаш на своите партнери и клиенти им нуди нов потенцијал и мерлива додадена вредност во текот на целиот проект“, вели Карстен Хеуер, главен извршен директор на REHAU Window Solutions.

Проширеното портфолио со одржливи алуминиумски прозорци и фасадни системи со највисок квалитет создава нови  вредности за партнерите и клиентите на компанијата. Тие имаат придобивки од системскиот пристап, кој обезбедува максимална ефикасност од еден извор низ целиот синџир на вредности. Компанијата мисли и делува на пазарно ориентиран начин, што ја прави водечки премиум партнер за архитекти, преработувачи, трговци и експерти за монтажа на пазарот во Македонија.

„Поврзаноста меѓу REHAU Window Solutions и Elvial создава одлични услови за решенија, кои се ориентирани кон иднината и кон заеднички успех. Клиентите и партнерите добиваат системски решенија со највисока одржливост, со апсолутна врвна технологија и префинета естетика“, вели Тања Цика, претседавач на одборот на Elvial.

Подгрупата REHAU Industries Window Solutions секојдневно ги револуционизира прозорците и вратите за подобар живот. Неговиот уникатен EcoPuls концепт за рециклирање претставува врвен модел за одржливост во индустријата. Како пионер и лидер во одржливите индустриски решенија, REHAU Window Solutions е „All in One“ партнер и водечки експерт за сеопфатни системски решенија низ целиот синџир на вредност.

Групацијата REHAU обединува силни компании под еден покрив и остварува годишен промет од околу 4,5 милијарди евра со решенија базирани на полимери. Повеќе од 20.000 вработени работат за групацијата во над 190 локации ширум светот, со заедничка цел – подобрување на животот преку употреба на иновативни и одржливи технологии.
Engineering progress. Enhancing lives.

 

Испрати коментар

Scroll To Top